Семејствата на жртвите на најголемиот пожар во Грција ја демолираа судницата (ВИДЕО)

Семејствата на жртвите кои загинаа во страотниот пожар во Грција во 2018 година денеска жестоко реагираа на пресудата со која шест лица беа осудени за дела поврзани со најсмртоносниот пожар во историјата на земјата во кој што загинаа 104 лица.

Судот во Атина денеска осуди маж за случајно палење пожар и петмина поранешни функционери на противпожарната служба. Судот ослободи 15 други лица, меѓу кои и регионални гувернери, од обвиненијата за прекршоци.

Еден од гувернерите бил обвинет и за убиство од небрежност, а семејствата на жртвите извикуваа „срам“ по читањето на ослободителните пресуди за функционерите.

Еден од присутните за време на изрекувањето на пресудата фрлил стол, поради што е приведен, јавуваат грчките медиуми. Тој не е единствениот кој направил хаос во судницата. Како што пренесува „Прототема“, членовите на неколку семејства почнале да фрлаат со столчиња и да ги навредуваат судиите додека ја напуштале судницата.

„Срам да ви е, немате ли деца?“, се слушало како викаат револтираните членови на семејствата на загинатите.

„Некорисни сте, животни!“ извикуваа огорчено.

„Цела Грција знае што се случи, сметавме на вас да ги осудите“, плачеа во судницата....

За потсетување, петмина осуденици, меѓу кои и поранешниот началник на противпожарната служба, добија казни од 15 до 111 години за повеќекратни кривични дела од небрежност што довеле до повреди и загуби на живот. Судијата претседавач наредил казните да се издржуваат истовремено, со затворска казна ограничена на пет години.

Сите петмина осудени функционери се ослободени и им е дозволено да платат парични казни наместо издржување на казната, проценета на до 40.000 евра, пренесува АП.

Шестиот човек, сопственик на имотот каде што избувнал пожарот, е осуден на три години затвор поради невнимание и исто така е ослободен.

Да потсетиме, 104 лица загинаа во пожарот во крајбрежниот град Мата, кој се случи во јули 2018 година. Преживеаните ги обвинија властите дека не ги координирале спасувачките операции и одговорот бил премногу бавен. Владата и локалните власти ги отфрлија обвинувањата, тврдејќи дека поради силните ветрови невозможна била навремена реакција и дека целата одговорност е на луѓето кои го подметнале пожарот.

Белгискиот премиер тужи новинар, кој повикал на негово убиство

Белгискиот премиер Александар Де Кро поднел жалба против новинар од радио кој вчера повикал на негово убиство, објави портпаролот на премиерот Баренд Лејтс.

„Александар Де Кро поднел жалба против водителот кој повикал да биде застрелан“, објави денеска на социјалната мрежа X портпаролот Баренд Лејтс.

Водителот на локалната радио станица Варегем1 вчеравечер се јави за време на неговата емисија за убиство на белгискиот премиер по обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо.

„Изгледа дека ќе се извлече. Виновникот е уапсен“, изјави водителот чие име белгиските медиуми не го спомнаа за обидот за атентат врз словачкиот премиер.

„На сите оние кои размислуваат да го застрелаат премиерот Алексндар Де Кро, но не се осмелуваат поради обезбедувањето околу него, би им рекол - видете дека тоа е можно. Дури би рекол - напред“, продолжил водителот.

Белгиските медиуми јавуваат дека оваа „несолена шега шокираше многу слушатели“.

Шефот на радио станицата Лудо Даелман изјавил дека се работи за лоша шега, која била лошо протолкувана и тврди дека водителот немал намера да поттикнува насилство.

"Разговарав со него и тој беше шокиран што неговите изјави се толкуваат на тој начин. На крајот на краиштата, комичарите постојано се шегуваат на тој начин", рекол Даелман, а пренесува весникот HLN.

„Тинекс“ го одбележа 30 годинишниот јубилеј

Компанијата Тинекс вечерва во присуство на бројни гости и вработени го прослави 30-ет годишниот јубилеј од нејзиното постоење..

За досегашната работа и идните визии изјава даде генералната менаџерка Кристина Тодоровиќ- Николиќ.

Ќерката на Бред Пит и Анџелина Џоли покажа како танцува, фановите воодушевени (ВИДЕО)

Шајло Џоли-Пит, ќерката на поранешната актерска двојка Бред Пит и Анџелина Џоли, ги покажа своите танцови потези на Инстаграм, а обожавателите коментираат дека има навистина импресивни вештини.

„Нејзините потези се неверојатни“, „Каква енергија“ и „Леле, ова е фантастично“, се само дел од коментарите на фановите.

Да потсетиме, неодамна се пишуваше дека 17-годишната Шајло планира да се исели од вилата на мајка си за да живее со нејзиниот татко. За разлика од неа, посвоените деца на поранешната двојка Медокс, Пакс Тиен и Захара го одбија Бред по полнолетството, а Захара дури и се откажа од презимето на нејзиниот татко.

притисни ентер