Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Се враќаат старите цени на осигурувањето при регистрација на возилата. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Промоција на „Нудист“, новиот албум на Пијан Славеј

„Нудист“, новиот албум на Пијан Славеј ќе биде промовиран денеска во 13 часот во кафе-книжарница „Буква“ во Скопје. 

Вториот студиски проект на Пијан Славеј претставува 51 издание на SJF Records. Тој се состои од четири композиции, во вкупно времетраење од 17 минути.

Автор на текстовите е Бранислав Николов, а музиката и аранжманите се дело на групата.

Песните се снимени, миксани и продуцирани од Ивица Јанкуловски во скопското студио „Алшар“.

Дизајнот на омотот е дело на уметникот Владимир Лукаш, извршен продуцент на изданието е Оливер Белопета.

Како што информираат организаторите, промоцијата, која што е дел од придружната програма на 23. ОФФест, ќе биде зачинета со акустичен мини-настап во живо, во кој Бранислав Николов ќе претстави дел од материјалот на новиот албум. /МИА

Сатиричната комедија „Бардо Тодор“ премиерно во Могила и Новаци

 Црната сатирична комедија „Бардо Тодор“, изготвенa во продукција на „New Clаp“, а поддржана од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, премиерно ќе се одигра денеска во општините Могила и Новаци.

Автор на претставата е Сашо Кокаланов, а режисер Сашо Миленковски.

Како што информираат од „Еко Свест“, „Бардо Тодор“е црна сатирична комедија која зборува за страшните последици по животот на луѓето кои живеат како први соседи на една термоцентрала со коп на јаглен, приклештени во противречноста - убиецот да им е и главен работодавец.

Таа ќе се игра на отворено, за да му се даде можност на Комбинатот (РЕК Битола) да биде лик во комедијата.

Од „Еко-свест“ нагласуваат дека ваквиот тип на претстави се наменети да допрат до широката јавноста за потребата да се направат промени во однос на производството на електрична енергија од фосилни горива, што носи страшни последици врз здравјето на луѓето.

Оттаму се надеваат дека пораката што ја испраќа претставата ќе допре до граѓаните.

Претставата која на сатиричен начин носи силна порака ќе биде одиграна во општинскиот двор во Могила во 12 часот, додека, жителите на Новаци во општинскиот двор ќе имат прилика да ја проследат во 18 часот.

Оваа црна комедија е наменета за возрасната публика, а на 10 јуни ќе биде прикажана и во Битола. /МИА

Зеленски: Руските терористи го разбираат само јазикот на силата (видео)

„Руските терористи го разбираат само јазикот на силата. Единствениот начин да се запре овој терор и да се спречи тој да стане нормален е веднаш да се почне со преземање ефективни одлуки. “

Русија синоќа го изврши еден од најголемите воздушни напади врз Украина во последно време, пренесуваат украинските медиуми повикувајќи се на извори во украинската армија и додаваат дека насилниот напад бил насочен кон критичната украинска инфраструктура во неколку региони.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави снимка од последиците од нападот и го повика Западот итно да испорача системи за противвоздушна одбрана, меѓу кои особено ги нагласи американските ракети Патриот.

- Руските терористи го разбираат само јазикот на силата. Единствениот начин да се запре овој терор и да се спречи тој да стане нормален е веднаш да се почне со преземање ефективни одлуки. Украинското небо мора да биде целосно заштитено, со цел лудаците во Кремљ да сфатат дека нивниот терор е бескорисен, изјави Зеленски.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека нивната противвоздушна одбрана соборила дури 81 руска воздушна цел, и тоа 30 крстосувачки ракети Kh-101 и Kh-555, 4 крстосувачки ракети Калибр, една крстосувачка ракета Искандер-К и 46 борбени дронови од иранско производство од типовите Шахед 161 и Шахед 136.

Украинската воздушна одбрана соборила 35 од 53 руски ракети и 46 од 47 руски дронови, соопшти командантот на воздухопловните сили.

Во нападот се оштетени енергетски објекти во пет региони ширум Украина. Украинскиот национален оператор на мрежа „Укренерго“ соопшти дека нападот оштетил енергетски објекти во источен Доњецк, југоисточен Запорожје и Дњепропетровск, централниот регион Кировоград и регионот Ивано-Франковск на запад.

- Утрово Русите извршија уште еден напад врз украинските енергетски капацитети. Од март ова е веќе шести масивен, комплексен напад со ракети и дронови врз цивилна енергетска инфраструктура, соопшти Укренерго. /МИА

притисни ентер