Сајкоски од Битола: Платформата 1198 се обврзува на 150 милиони евра за домашното стопанство

Битола е на највисоко ниво на агендата што ќе ја предводи владата на ВМРО-ДПМНЕ во следниот период.

Битола ќе добие економски развој, Битола ќе добие нова инфраструктурна мрежа. За Битола се предвидени голем број на инвестиции.

Денеска бевме во посета на стопанствениците во Битола од кои што слушнавме и со кои што разговаравме за проблемите со кои што се соочуваат.

Ние како луѓе кои што ќе работиме во идната влада која што ќе ја предводи Македонија сакаме да им изразиме гаранција дека ќе приоѓаме кон секој нивни проблем, ќе работиме за решавање на секој нивен проблем.

Исто така заедно со градоначалникот укажавме на компаниите и на стопанствениците дека и локалната самоуправа стои на располагање на битолското стопанство.

Укажуваме дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 150 милиони евра во стопанството.

Почитувани ова е начин да се помогне стопанството, да се помогне да не се иселуваат луѓето, да го подобриме квалитетот на живот, и да имаме подобар живот и во Битола и во цел наш регион, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

 Во реката Вардар во близина на место викано „Јаниташ“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес вчераутро во 8:30 часот пронашле тело на починато машко лице.

Како што информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска, телото на починатиот било извадено од реката од полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции при МВР.

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Анчелоти ќе го има на располагање Куртоа за најважните натпревари

Тибо Куртоа ќе се врати на теренот пред крајот на тековната сезона, објави „Relevo“би можел да се врати на теренот терените оваа сезона.

Белгискиот голман нема играно од август поради скинати вкрстени лигаменти на колено и повреда на менискусот.

Во Реал Мадрид веруваат дека 31-годишниот голман ќе учествува во најважните натпревари оваа сезона.

Забележано е дека клубот ја цени и играта на Андреј Лунин, кој „ги надмина сите очекувања“. Сепак, во Реал признаваат дека Украинецот се уште не е на нивото на Белгиецот. Тоа се изразува во неговото влијание врз одбранбените играчи и акциите при слободните удари.

По првиот натпревар со Баерн, стручниот штаб на Реал Мадрид му замери на Лунин за некои грешки - на пример, во епизодата со голот на Лерој Сане.

Реал води во Ла Лига со 84 бода по 33 кола. Шпанците ќе го одиграат реваншот со Баерн во Лигата на шампионите на 8 мај. /МИА

Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите

Русија во нападите врз Украина во април употреби повеќе од 300 проектили, околу 300 беспилотни летала „Шахед“ и над 3.200 касетни бомби, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од британските медиуми.

„Овој терор може да се запре само со сила - силата на нашиот народ, силата на светското единство, силата на притисок врз Русија, силата на системите за противвоздушна одбрана обезбедена за Украина, силата на нашите војници на фронтот“, напиша Зеленски на „Телеграм“.

Оваа пролет Русија ги засили нападите врз украинските цивилни и инфраструктурни цели, додека Киев очекува поголема помош од своите сојузници, а противвоздушната одбрана на земјата е преоптоварена до краен степен.

Британските медиуми пренесуваат дека официјална Москва за цело време тврди дека гаѓа само легитимни воени цели. /МИА

притисни ентер