САД и Британија му воведоа санкции на Иран, целта се производителите на дронови

Соединетите држави и Велика Британија денеска воведоа санкции кон Иран, насочени кон „иранската програма за беспилотни летала, челичната индустрија и производителите на автомобили“.

Соединетите држави и Велика Британија денеска воведоа санкции кон Иран, насочени кон „иранската програма за беспилотни летала, челичната индустрија и производителите на автомобили“, потег по нападот врз Израел минатиот викенд, соопшти американското Министерство за финансии.

„Санкциите на Вашингтон се насочени кон 16 поединци и два ентитети кои овозможуваат производство на ирански беспилотни летала, вклучувајќи ги и дроновите Шахед користени за време на нападот на 13 април“, се вели во соопштението.

Денеска официјално беше објавено дека Велика Британија воведе санкции и за иранските воени субјекти, вклучително и Генералштабот на вооружените сили и морнарицата на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).

И овие мерки следеа по иранскиот ракетен и беспилотен напад врз Израел минатиот викенд. Британскиот премиер Риши Сунак во понеделникот изјави дека членовите на групата Г7 работат на пакет координирани мерки против Иран.

Британските санкции се насочени кон вкупно 13 субјекти или поединци, се наведува во британското соопштение.

Се распалија скарите, излетничките места полни со граѓани

И покрај непредвидливото време, дел од граѓаните и останаа верни на традицијата и ги исполнија излетничките места.

Велат пикникот годинава е вистински луксуз, водени од максимата - секој според џебот.

Ана Торевска Мицевски е на Матка.

Се распалија ли скарите?

КСС не излезе на протест – одржаа првомајска академија

Наместо протест, првомајска академија. 

Единаесет грански синдикати во КСС одлучија да не се приклучат на првомајскиот марш организиран од ССМ, бидејќи сметаат дека нема легитимна полиитчка влада пред која би протестирале и би ги упатиле своите работнички барања... Наместо тоа, организираа свечена академија на која се разгледуваа економските програми на дел од политичките партии.

-Ние нема пред кого да протестираме. Имаме техничка Влада. Ќе имаме нова Влада во текот на следниот месец. Бараме, од сите што претендираат да бидат носители на таа Влада, да дојдат и да ги презентираат нивните програми пред нас. Мислам дека ако во иднина имаме коректни односи помеѓу двете синдикални организации, да, за некое вистинско право, можеме да изеземе и да си ги бараме своите права. - Благоја Ралповски – претседател на КСС

На првомајската академија на КСС, присутни беа дел од опозициските партии и техничкиот минситер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски. Тој порача дека во земјава има доби закони за работни односи, но истите мора да почнат да се почитуваат.

-Имаме добри закони и закони кои треба да се применуваат, но остануваат отворени прашањата дали истите се применуваат. Денеска имаме закон за здравје и закон за безбедност при работа, кои пет години се во фиоките и не се презентирани јавно достапни до секој еден чинител во општеството за секој еден да даде свој импакт по однос на истите да бидат квалитетни и функционални за сите работници во Македонија.- Ѓоко Велковски – технички министер за труд и социјална политика

Инаку, на денешниот првомајси протест на ССМ, покрај СОНК, не присуствуваа ниту од Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудство на Македонија, Синдикат за транспорт и врски, Синдикатот на станбено – деловни, комунални и водостопански организации и неколку други.

Се трага по измамници кои преку телефон вршат измами за наводно случени сообраќајни незгоди

Измамниците не мируваат. 

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лица кои деновиве, преку телефонски јавувања кај граѓани од Охрид, лажно претставувајќи се, вршат измами за случени сообраќајни незгоди во кои, наводно, жртви или тешко повредени биле членови на нивните семејствата или други нивни роднини.

Со тоа создаваат огромна вознемиреност кај граѓаните, а целта на овие измами е да изнудат пари за наводна помош при понатамошната постапка. Апелираме до граѓаните, да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават на бесплатниот телефонски број 112 или лично во најблиската полициска станица“, велат од СВР Охрид.

притисни ентер