РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува апел за внимателно и совесно учество во сообраќајот за време на претстојните празници. 

Како што се наведува во соопштението оттаму во пресрет на празниците 1 Мај и Велигден, се очекува зголемување на фрекфенцијата во сообраќајот, патувања на подолги дестинации, излети во природа и дружења со семејството и пријателите, затоа апелираме на

-Со цел зачувување на безбедноста на секој учесник во сообраќајот РСБСП советува на почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација,користење сигурносен појас, возете одморени и правете почести паузи, особено кога патувате на подолги дестинации, не управувајте со моторно возило доколку сте под дејство на алкохол, возете со технички исправно возило, прилагодете ја брзината според условите на патот и одржувајте безбедно растојание од другите возила, не зборувајте на мобилен телефон додека возите, внимавајте на секој учесник во сообраќајот. Возете внимателно и одговорно! Безбедноста на секој учесник во сообраќајот е заедничка грижа. СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!, стои во соопштението од Советот за безбедност на сообраќајот и патиштата.

Почина Иван Боески, трејдерот престапник кој стана инспирација за ликот на Гордон Геко

Синоќа на 87-годишна возраст почина Иван Боески, еден од пулените на Волстрит од 1980-те години и архетип за алчен и безмилосен трејдер, инспирација за карактерот на Гордон Геко од познатиот филм на Оливeр Стоун.

За Волстрит оваа деценијa е време на промени и развој, а Иван Боески бил во авангардата на тие промени. Тој купувал акции во обесценети компании по незаконски добиени инсајдерски информации и ги продавал со профит. Бил познат како „корпоративен рејдер“ и многумина од делoвниот свет се плашеле од него.

По серија такви потези тој кон средината на 1980-те заработил над 200 милиони долари (околу 818 милиони во денешен еквивалент), а неговото портфолио вредело три милијарди долари (околу осум милијарди денес), многу од тоа финансирано со позајмени пари.

Деценијата на Волстрит од 1980-те се асоцира и како деценија на алчноста. Трејдерите како Карл Ихан, Ти Боун Пикенс, Џејмс Голдсмит или Саул Стеинберг, покрај Боески или неговиот соперник Мајкл Милкен, станале неверојатно богати преку ангажман на шеми со финансиски инжинеринг и корпоративни упади по што пазарот со акции толку многу се вивнал што претрпел крах во 1987 година.

Во 1985 година американската Комисија за хартии од вредност и тргувања на берзите започнала истрага за инсајдерските тргувања и тоа довело до откривање на незаконските активности на Боески и останатите по што следела закана од долгорочни казни затвор.

Во договор со обвинителите тој се согласил на затвор од три години и да плати 100 милиони долари казна, највисоката сума дотогаш платена за финансиски криминал, но и да стане информатор за финансиската полиција. После тоа Боески ја разоткрил шемата за инсајдерските тргувања на банката Дрексел Бурхам Ламберт и нејзиниот вработен Мајкл Милкен, познат и како „крал на џанк бондовите“. Во подоцнежно судење во 1989 година Милкен е осуден за измами и ракетерство со исплата на парични казни од вкупно 600 милиони долари и десет години робија, која потоа билa намалена на 22 месеци. И на двајцата им биле доживотно одземени лиценците за тргување на берзите.

Милкен инаку беше помилуван од претседателот Доналд Трамп во 2020 година.

Познатиот исказ на Геко од филмот „Волстрит“ на Стоун „алчноста е добра, алчноста е исправна, алчноста работи“ е земен од вистинскиот живот на Боески.

- Патем кажано, алчноста е добра. Мислам дека алчноста е здрава. Можеш да бидеш алчен и се уште да се чувствуваш добро во себе, кажа тој за време на говор одржан 1986 година пред студентите во Универзитет Калифорнија, Беркли, при што беше поздравен со овации.

Боески, чии родители се руски имигранти со еврејско потекло кои поседувале ресторани во Детроит, на 25 годишна возраст се оженил со Сема Силберстин, ќерка на магнат со недижности кој го поседувал „Беверли хилс“ хотелот во Лос Анџелес.

По неговата смрт, брачната двојка добила голем удел во оваа ценета недвижност. Тој не страдал премногу во своите пензионерски години, американските медиуми јавија дека тој станал филантроп и ги помагал бездомните.

Си Џинпинг и го честита на Сиљановска Давкова изборот за претседател

Претседателот на НР Кина Си Џинпинг упати честитка до Гордана Силјановска-Давкова по повод нејзиниот избор за претседател на Република Македонија, пренесува кинеската новинска агенџција Ксинхуа.

Кина и Македонија одржуваат длабоко традиционално пријателство, вели кинескиот претседател во честитката, додавајќи дека во последните години, практичната соработка меѓу двете земји постигна солиден напредок и донесе придобивки за двата народа.

Истакнувајќи дека високо го цени развојот на билатералните односи, Си Џинпинг истакнува дека е „подготвен да работи со својата колешка од Македонија за продлабочување на меѓусебната политичка доверба и проширување на размената и соработката, со цел пријателските односи меѓу Кина и Македонија да се подигнат на ново повисоко ниво“.

Серија од 49 земјотреси во регионот на Неапол, најголем број во последните 40 години

Серија од 49 земјотреси се регистрирани синоќа во близина на Неапол, во јужна Италија, без поголема материјална штета, но предизвикало паника кај населението, соопштија тамошните власти.

Според Националниот институт за геофизика и вулканологија, тоа е најголемата серија земјотреси во последните 40 години.

Земјотрес со јачина од 4,4 степени е регистриран во 20 часот и 10 минути на длабочина од 2,5 километри, соопшти Институтот.

Неколку минути претходно имаше земјотрес со јачина од 3,5 степени по Рихтер, проследен со десетици последователни потреси.

Институтот соопшти дека серијата земјотреси започнале синоќа точно во 19 часот и 51 минута во Флегранските полиња кај Неапол, што е вулканска зона во Италија.

Во таа зона на земјотресот живеат околу половина милион луѓе, а за денеска беше соопштено дека училиштата ќе бидат затворени, додека се отворени прифатните центри и се поставени шатори на неколку паркинзи.

Флегранските полиња, чија ерупција пред 40.000 години влијаеше на климата на планетата, ги загрижува локалните жители и научниците поради обновувањето на нивната активност поради гасовите што ги испушта магмата, што влијае на пукањето на површината на почвата.

Сценариото за катастрофа, односно исфрлање лава, пепел и камења, е малку веројатно, сепак во блиска иднина, велат експертите.

притисни ентер