Ристовски:Нема промена на Устав под ниту една закана, мора да изградиме моќна македонска армија

Коалиција „Храбро за Македонија“ во Чашка.

„Главните политички заложби на ИНТЕГРА, македонската конзервативна партија, со кои сме додадена вредност во Коалицијата Храбро за Македонија, се однесуваат првенствено на сочувување на македонскиот устав и државотворната позиција на македонскиот народ со комплетниот корпус на македонски национален идентитет во него. Тоа подразбира дека нема промена на уставот под ниту една закана, уцена, притисок од било чија страна, тоа значи дека се додека не го затвориме целокупниот корпус на македонските национални идентитетски прашања, оние црвени линии за кои што македонскиот народ се залага во татковината Македонија нема да се чепне Уставот по ниту една основа, рече Љупчо Ристовски претседател на ИНТЕГРА при денешната посета во Градско.

„Втората работа, мора да ја зацврстиме Македонија како држава на македонскиот народ, како круна на вековната борба на македонскиот народ за своја држава, за своја национална слобода, тоа подразбира ние ќе си ја пишуваме сопствената македонска историја согласно нашиот национален македонски интерес“, рече тој.

Ристовски истакна дека коалицијата Храбро за Македонија ќе ги гарантираме сите видови на слободи на секој поединец, и економски и социјални и политички слободи, ќе воспостави систем на трајна правна сигурност за секоја индивидуа, тоа подразбира дека со сите владини политики, ќе го таргетираме творечкиот потенцијал на секој поединец.

„Нема ниту Брисел, ниту Вашингтон да ни донесат богати и просперитетни семејства, нашиот творечки потенцијал е тој којшто мораме да го покренеме, мора да го таргетираме со сите мерки на владини политики и тој да ја направи преродбата на Македонија. За тоа да го сториме ќе биде потребна сигурна и безбедна Македонија, тоа значи дека ќе мора да изградиме моќна македонска армија и моќен безбедносен систем“, рече Ристовски.

Тој се заложи за помош на сите ранливи категории како што се пензионерите чии примања се пониски од 24.000 денари, како и за сопирање на брзо растечката сиромаштија со мерки и инструменти на политики за нов економски и финансиски циклус. Ристовски потенцираше дека имаат инвестициски проект за 50 илјади микро мали и средни претпријатија кои ќе бидат таргетирани со владини политики. Според него, капиталните инвестиции и субвенциите кои се нецели 700 милиони евра во буџетот на годишно ниво ќе бидат понудени на секој поединец на секое семејство, но паралелно и на државната администрација, за да се поттикне претприемачкиот дух да станат со своите проектни бизниси партнер со владата, односно ако се одлучат да ја напуштат државната администрација и сакаат да влезат во бизнис.

„Оттука ако го земеме агробизнисот како еден од клучните потенцијали на Македонија, се наоѓаме во Градско каде има огромен потенцијал за земјоделство и агробизнис, не смееме да дозволиме ниту една педа земја да остане необработена и да не произведува храна. Оттука ние излегуваме со проект за 24/7 за 365 дена, секој ден во годината ќе има отворен јавен оглас, до 10 хектари во атарите на селата и над 50 хектари со задолжително преработувачки капацитети, висока финализација на храна и пијалоци, секоја педа земја ќе кора да дава храна во Македонија, се што е благослов од Бога, Сонцето, ветерот, воздухот, почвата мора да ги ставиме во функција да бидат национални стратегиски ресурси, од тука секоја педа ќе произведува храна и Македонија повеќе никогаш нема да произведува храна туку ќе стане моќен извозник на храна, и органска храна и се што компаративна предност на македонскиот аграр.

Околу откупните цени на земјоделските производи, исклучиво приватно-јавно партнерство, ќе донесеме приватни инвестициски фондови, приватни агро берзи секторски ако станува збор за тутунот ќе биде приватна тутунска агро берза, ако станува збор за лозарството ќе поттикнуваме мали винарии, мали дестиларии да грозјето отиде во висока финализација да никогаш повеќе не зависат од уцените на откупувачите, значи ќе ја решиме ниската откупна цена на начин што ќе таргетираме отворен пазар по моделот на Адам Смит, таа слободна економија ќе донесе конкуренција и апсолутна квалитетот на македонските производи ќе ја качи цената, на овој начин ќе ги направи нашите фармери и земјоделци богати, рече Ристовски.

Носителот на листата на Коалицијата Храбро за Македонија во ИЕ 3, Иван Николов, доктор по ветеринарна медицина, кој е со домашно и меѓународно искуство во земјоделието и преработката на храна, кажа дека само минатата година во Македонија е увезена храна во вредност од една милијарда долари, а во исто време извозот се намалува.

„Ние сакаме да дадеме силна поддршка на фармерите, да дадеме решение за ниските откупни цени, кои сега се уценителни за фармерите, сакаме да ја поддржиме македонската индустрија која е извозно ориентирана како што е конзервната индустрија, кондиторската индустрија и поготово винската индустрија. Сакаме да им помогнеме на фармерите да ја обноват својата механизација да ја обновата опремата за да можат да бидат пококурентни, рече Николов.

Евроамбасадорот Гир ја честита победата на Сиљановска-Давкова

Амбасадор на Европската Унија во Република Македонија Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Сиљановска-Давкова на вчерашните претседателски избори.

- Честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседателка на Македонија. Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на земјата, напиша Гор на Х.

Според последните резултати објавени на сајтот на ДИК, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова освоила 560.170 гласови (65,14%), а нејзиниот противкандидат Сево Пендаровски од СДСМ 251.541 (29,25%).

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски.

Најдоцна на 12 мај треба да биде свикана собраниска седница за инаугурација на новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска Давкова. Таа пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот мандат.

На 12 мај истекува мандатот на актуелниот претседател кој беше и кандидат за претседател, Стево Пендаровски.

Мандатот на новиот собраниски состав што беше избран на вчерашните парламентарни избори, почнува да тече од конститутивната седница на собранието. Според одредбите од Уставот, новоизбраното собрание се состанува на седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Седницатa ја свикува претседателот на собранието од претходниот состав.доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат, да го состават собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.

Бајден: Ако Израел изврши инвазија на Рафа нема да го снабдам со бомби и артилериска муниција

Претседателот на САД Џо Бајден за телевизијата Си-ен-ен синоќа изјави дека САД ќе запрат со испораките на американско оружје за Израел ако премиерот Бенјамин Нетанјаху нареди офанзива на градот Рафа во Појасот Газа.

Во интервјуто тој призна дека американско оружје било употребено за убивање на цивили во Газа.

-Цивили се убиени во Газа како последица на тие бомби, но и на други начини кога тие навлегуваа во населените центри, изјави Бајден укажувајќи на бомбите тешки повеќе од 900 килограми чии испораки запреа минатата недела.

„Јасно ставив до знаење дека ако влезат во Рафа, тие се уште немаат влезено, но ако влезат во Рафа, нема да испратам оружја што историски биле употребени во Рафа и другите градови да се справат со проблемот“, истакна Бајден.

Претседателот на САД се покажа како голем подржувач на Израел и со тоа што за првпат ја условува подршката за сојузникот свртува нова страница во седумесечниот конфликт меѓу Израел и Хамас. Исто така, изјавата дека американски бомби се употребени за убиство на цивили во Газа е целосно признание за вклученоста на САД во оваа војна.

Администрацијата на Бајден се соочува со огромен притисок, вклучувајќи и од членови на неговата партија, да запре со испораките на оружја кога во Газа се развива хуманитарна криза од огромни пропороции и каде според здравствените власти на појасот досега се убиени над 34.000 цивили.

Градот Рафа е во јужниот дел на Газа каде се сосредоточени околу милион палестинскии бегалци кои ги напуштија своте домови по нападот на Израел и спас побараа во овој град на границата со Египет.

притисни ентер