Рапер настапил на празна арена- дали ривалот ги купил сите билети? (ВИДЕО)

Американскиот рапер Кваво (33) настапи пред речиси празна арена во Хартфорд, Конектикат.

На интернет се објавени снимки од концертот, а според странските медиуми, во арената имало само околу 75 луѓе.

Од видеата се гледа дека најголемиот дел од публиката стоела во првите редови пред бината, а дел од нив биле и на трибините. По објавувањето на снимката, многумина помислија дека се работи за шега и дека всушност е снимена пред почетокот на концертот. Но, во подоцнежните видеа, беше јасно дека Кваво пее пред мала група обожаватели.

Секако, интернетот има луда теорија зошто немало луѓе на концертот во арената која има капацитет од нешто повеќе од 5.700 луѓе. На социјалните мрежи, фановите почнаа да шпекулираат дека Крис Браун ги купил преостанатите билети за да се погрижи местото да изгледа празно.

@keithdrumz

Everybody go to Instagram and tag Chris Brown

♬ original sound - Keithdrumz

Кваво и Крис Браун се караа и упатија многу критики еден за друг во последните неколку години. Затоа, фановите брзо дојдоа до заклучок дека Крис е одговорен за овој дебакл. Други, пак, напишаа дека Браун не е виновен за ништо и дека Кваво нема публика во тој град.

И покрај гласините, нема докази дека Браун стои зад малиот број на посетители.

ЗНМ со осуда на цензурата од директорката во Токсикологија, Бесија Иљази

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува обидот за цензура и ограничување на правото на говор од страна на Бесија Иљази, организациски директор на Клиниката за Токсикологија во Скопје.

Според денешната пријава од членови на ЗНМ, на влезот на Клиниката за Токсикологија во Скопје јавно била истакната наредба со која се забранува на вработените да имаат контакти со новинари или медиуми. Во наредбата од 20.05.2024 година, се вели дека согласно член 30 и 31 од статутот на ЈЗУ Клиника за Токсикологија Скопје, се забранува неовластено присуство, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес-конференции, со што би се нанело штета на интересите и угледот на клиниката, соопштуваат од ЗНМ.

Тухел ќе паузира или ќе предводи клуб од Премиер лигата

Томас Тухел ќе паузира од кариерата или ќе предводи премиерлигашки клуб, објави новинарот Флоријан Плетенберг. Педесетгодишниот стручњак ја напушти функцијата главен тренер на Баерн.

Во исто време, клубот од Минхен на Тухел ќе му плати повеќе од 10 милиони евра.

Договорот на германскиот фудбалскиот стручњак е со важност до 30 јуни 2025 година, но ќе биде раскинат доколку тренерот се договори со друг клуб и Баерн нема да бара отштета за трансферот.

Меѓу најсериозните опции во Англија се Челзи и Манчестер јунајтед. /МИА

Одредени 30 дена притвор за врховниот судија Наке Георгиев, се бранел со молчење

Пред судија на претходна постапка врховниот судија Наке Георгиев се бранел со молчење, единствено рекол дека е наместен, потврди неговиот адвокат.

По претходна пријава од син на обвинет во предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера во попладневните часови МВР реализираше акција во која од слобода е лишен активен врховен судија. Врз основа на доставеното Известување од МВР, БЈБ, Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција, предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание од член 359 од Кривичниот законик.

Според сознанијата добиени од пријавителот, првоосомничениот користејќи ја својата службена положба и претпоставено влијание лажно ветувал погодности за обвинет (татко на пријавителот) во друга постапка што се води пред Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, и лажно прикажале дека ќе извршат влијание заедно со второосомничениот.

Предметниот обвинител, вчера вечер покрај предлозите за претрес на повеќе локации, ценејќи дека се исполнети условите до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување на мерката притвор за првоосомничениот. Со оглед на тоа што станува збор за судија во највисокиот суд во државата – Врховниот суд кој ужива имунитет, а кој е фатен in flagranti во извршување на кривичното дело, предлогот преку Основниот кривичен суд е доставен на одлучување до Судскиот совет кој во текот на ноќта му го одзеде имунитетот, по што денеска Основниот кривичен суд Скопје ќе одлучува за предложената мерка.

Прибраните докази и извршените претреси до овој момент даваат законски основ на предметниот јавен обвинител да предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, додека во однос на второосомничениот до овој момент доказите не даваат основи за да се предложи најстрога мерка за обезбедување. Истрагата продолжува до целосна проверка на сите околности и наводи, соопшти Обвинителството.

притисни ентер