Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија, професорите ги поддржуваат студентите.

Студентите кои протестираат против војната меѓу Израел и Хамас на универзитетите низ САД денеска ветија дека ќе продолжат со демонстрациите, а професорите ги осудија претседателите на универзитетите кои повикаа полиција да ги отстрани демонстрантите од кампусите.

Додека Универзитетот Колумбија продолжува да преговара со пропалестинските демонстранти, советот на универзитетот во петокот усвои резолуција за формирање работна група за истрага на раководството на администрацијата, која минатата недела ја повика полицијата да ги евакуира студентите, што резултираше со застој и повеќе од 100 приведени.

Полицијата привела околу 100 луѓе денеска наутро во обид да го расчистат пропалестинскиот протестен камп на Нортистерн Универзитетот во Бостон поради антисемитски навреди, соопштија од НВУ.

Акцијата беше преземена откако демонстрантите кои прибегнаа кон „вирулентни антисемитски навреди, вклучително и „Убиј ги Евреите“, ја преминаа границата“, се вели во соопштението на универзитетот на Х.

Иако универзитетот постојано поставуваше, а потоа ги одложуваше роковите за отстранување на кампот поставен од демонстрантите, универзитетот испрати е-пошта до студентите во петокот вечерта во која се вели дека враќањето на полицијата во кампусот во овој момент би било контрапродуктивно, јавија американсккте медиуми.

Кинескиот извоз на автомобили продолжува да расте

Извозот на автомобили во Кина силно порасна во април, бидејќи производителите бараа решение во странство за слабата домашна продажба, покажаа денеска податоците од Кинеската асоцијација за патнички автомобили (CPCA).

Извозот на автомобили скокна во април за 38 отсто во однос на истиот месец лани, со испорачани 417.000 возила, по речиси истиот процентуален раст во март, објави здружението. /МИА

Вицепремиерот на Малта, Крис Ферн поднесе оставка поради корупциски скандал

Ферн му рекол на малтешкиот премиер Роберт Абела дека поднесува оставка во национален интерес.

Вицепремиерот на Малта, Крис Ферн денеска поднесе оставка, откако против него беше покренато обвинение поради корупциски скандал поврзан со доделувањето владина концесија за управување со три државни болници на досега непозната здравствена групација во 2015 година.

Ферн му рекол на малтешкиот премиер Роберт Абела дека поднесува оставка во национален интерес без да биде одговорен за скандалот, а премиерот побарал од него да ја преиспита својата одлука, пренесуваат британските медиуми.

Ферн побара од Абела да се откаже од плановите да го номинира за член од Малта на следното свикување на Европската комисија (ЕК). /МИА

Лукашенко го разреши началникот на Генералштабот на вооружените сили на Белорусија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска го потпиша указот за разрешување на началникот на Генералштабот на вооружените сили, Виктор Гулевич.

-Генерал-мајор, Виктор Гулевич е разрешен од должноста началник на Генералштабот на вооружените сили, прв заменик министер за одбрана. Соодветната уредба е потпишана од претседателот, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека Гулевич е разрешен од воената служба поради возраста, но дека го задржува правото да носи воена униформа.

Лукашенко вчера го критикуваше воено-индустрискиот комплекс (МИЦ) за, како што рече, лоши резултати. /МИА

притисни ентер