Претседателството на ДУИ заседава во Мала Речица

По пресудите на Управниот суд и стартот на преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ за формирање на идната влада, попладнево во Мала Речица прв пат по изборите на 8 мај заседава раководството на ДУИ.

Таму е Јана Јосифовска.

Состанокот на претседателството трае веќе еден час.

Дали познато што е на дневен ред и какви одлуки ќе се носат?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Руски воени бродови испловија од Хавана

Руските воени бродови кои пристигнаа во Хавана минатата недела испловија денеска од главниот град на Куба.

Минатата недела во официјална посета на пристаништето Хавана пристигна група од четири бродови на руската морнарица, меѓу кои и фрегатата „Адмирал Горшков“ и нуклеарната подморница „Казан“.

Според соопштението на руското Министерство за одбрана, оваа поморска група претходно имала обука за употреба на „високопрецизно ракетно оружје“ во Атлантскиот Океан.

Водата во Дебарско Езеро од прва категорија

Водата во Дебарско Езеро може слободно да се користи за капење и рекреација, објави попладнево Општина Дебар.

- Врз основа на последните примероци земени од Дебарското Езеро од Центарот за јавно здравје (ЈЗУ) – Охрид, од микробиолошките анализи, во експертското мислење стои дека според испитуваните параметри на езерската вода а според (Сл.Весник на РМ бр. 129/2016), класификацијата е оценета како одлична, стои во објавата.

Според Уредбата за класификација на водите, пак, испитувањето на параметрите од хемиската анализа одговараат на прва класа.

-Резултатите се однесуваат само на испитуваните примероци од езерска вода. Водата може да се користи за капење и рекреација како и за спортови на вода, се наведува во објавата.

Центарот за јавно здравје од Охрид редовно врши анализа на езерската вода, на примероци земени на неколку места, од Косоврашки Мост до месноста "Три чешми"(Манастирец).

Почести се анализите на водата кај градската плажа, каде во летната сезона се разладуваат со стотици капачи.

И во изминатите години анализите потврдуваа дека водата може да се користи за капење и рекреација.

Фредериксен: Не сум кандидат за нов претседател на Европскиот совет

Данската премиерка Мете Фредериксен попладнево негираше дека е кандидат за нов претседател на Европскиот совет, по неколкумесечните шпекулации дека би можела да го наследи Шарл Мишел на таа функција.

Фредериксен, по пристигнувањето на неформалниот самит на лидерите на ЕУ, на кој ќе се разговара за распределбата на функциите во европските институции по изборите за Европскиот парламент, рече дека актуелната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која се кандидираше за нов мандатот, завршила „одлична работа“.

Таа повика брзо да се донесат одлуки за распределба на функциите.

притисни ентер