Павле Трајанов реизбран за претседател на Демократски сојуз

Павле Трајанов денеска на конрес е реизбран за претседател на Демократски сојуз.

На конгресот на кој присуствуваа над 400 делегати и гости, беше избран Централен совет на партијата од 80 члена. Меѓу приоритетите, Трајанов нагласи дека се неопходни коренити уставни измени, односно нов Устав, зашто како што рече, амандманите на актуелниот го блокираат развојот и демократијата.

На седмиот Конгрес на Демократски сојуз на кој присуствувале над 400 делегати и гости бил избран Централен совет на ДС од 80 члена, а за претседател реизбран Павле Трајанов

Како што информираат од ДС, Конгресот усвоил и повик до граѓаните да се вклучат во промените, во кои меѓу другото стои дека се неопходни темелни реформи и кадровска обнова.

- Македонија е заглавена во политичко мочуриште, неопходни се темелни реформи и кадровска обнова доколку сакаме да се придвижат напред сите процеси. На овие избори се одлучува за тоа дали ќе се вградат во системот вредности кои независно од власта ќе гарантираат изградба на пристојна и модерна европска држава, држава на слободни и креативни граѓани, горди на самите себе и на државата на која и припаѓаат и ја градат. Македонија мора да успее, тоа е наша должност и завет пред идните генерации. Да се биде или не, за тоа одлучувате Вие граѓаните! Излезете на гласање и определете ја иднината на Македонија, демократска, слободна, силна и почитувана од сите, соопштуваат од ДС.

На Конгресот, Трајанов нагласил дека на претстојните претседателски и парламентарни избори ќе се одлучува за тоа дали ќе опстоиме како самостојна, суверена и независна држава, дали ќе се случат промени кои значат градење на демократска и европска држава или ќе тонеме во корупција, деструкција и разградување на темелните вредности.

Трајанов зборувал и за приоритетите на Демократскиот сојуз, меѓу кои посебно ги посочил коренити уставни промени, односно нов Устав, донесување на нова стратегија за борба против тешките облици на криминал и високата корупција и донесување на Законот за формирање на независна Агенција за борба против овој вид на криминал, деблокирање на евроинтеграциските процеси преку градење на широк политички и граѓански консензус околу следните работи, реформирање на системот за безбедност, слободна пазарна економија, бесплатно здравство и образование и создавање услови за младите да останат во Македонија.

Тој ги повикал делегатите на конгресот, членовите и симпатизерите на Демократскиот сојуз, како и сите граѓани, да излезат масовно на 8 Мај и да гласаат за претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова, и за кандидатите за пратеници од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешен казахстански министер осуден на 24 години затвор за убиство на сопругата

Поранешниот казахстански министер за економија, Куандик Бишимбаев, денеска е осуден на 24 години затвор за убиство на својата сопруга, пренесоа британските медиуми. 

Британските медиуми од Астана објавуваат дека судењето и долгогодишната затворска казна за поранешниот министер е всушност тест за претседателот Касим-Жомарт Токаев и неговото ветување дека ќе изгради поправедно општество.

Шокантните снимки прикажани за време на судскиот процес, што започна во март, покажуваат дека обвинетиот Бишимбаев (44) постојано удира со тупаници, клоци и влече за коса една витка млада жена облечена само во палто и чизми. Жената е 31-годишната Салтанат Нукенова, сопругата на Бишимбаев, која подоцна беше пронајдена мртва.

Бишимбаев во судницата се бранеше дека не е виновен, тврдејќи дека неговата сопруга починала од самоповредување.

Екс министерот, кој на функцијата во ресорот економија беше од мај до декември 2016 година, претходно беше осуден на 10 години затвор за примање мито, но беше ослободен по помалку од три години благодарение на амнестија и условно ослободување. /МИА

Баерн се разделува со двајца фудбалери

Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен објави денеска заминување на напаѓачот Ерик-Максим Чупо-Мотинг и дефанзивецот Буна Сар.

Церемонијата на збогување со играчите се одржа пред натпреварот со Волфсбург (2:0) од 33. коло во Бундес лигата. Двајцата фудбалери го напуштаат баварскиот клуб како слободни играчи бидејќи нивните договори истекуваат идниот месец.

Французинот Сар (32) одигра 33 натпревари за Баерн оваа сезона и постигна еден гол, а запиша и четири асистенции.

Триесетипетгодишниот камерунски репрезентативец Чупо-Мотинг заминува од Баерн по одиграни 122 натпревари, на кои постигна 38 голови. /MИА

„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владата

 Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект.

Во врска со прашањето дали ЈП Паркови и зеленило има склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот на Владата Ве информираме дека таков договор со Владата нашето претпријатие нема склучено. ЈП Паркови и зеленило е надлежно за одржување на зеленилото во парковите, булеварите, собирните и магистрални улици кои се под надлежност на Град Скопје, како и Парк шумите Водно, Гази баба, СРЦ Сарај и Матка.

Останатото зеленило во населбите и помеѓу блоковите е под надлежност на општините, додека пак дворовите во сите институции се обврска за одржување на самата институција (било да се работи за болница, поликлиника, државна агенција, министерство, па и Влада). Во сите овие институции има општи служби кои треба да се грижат за овие прашања, или треба да склучат договор со ЈП Паркови и зеленило за уредување или одржување на нивните дворови, по кој договор ние понатаму би постапувале. Во случајов таков договор со Владата претпријатието нема склучено. Во прилог јавно достапен документ за кој треба да го одржува дворот на Владата и тоа за 330 илјади евра.

Одделение за односи со јавност на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје

притисни ентер