Османи се расправеше со новинарите: Дали да нацртам? Нема влада без Бадентер

Доколку Европскиот фронт победи во албанскиот блок на парламенатрбите избори на 8-мај од ДУИ сметаат дека по автоматизам им следува да бидат дел од идната влада. 

Според Османи не може да има Влада без двојно мнозинство - парламентарното од 61 пратеник плус Бадентерово, а ваквите тврдења ги темелеше на Охридскиот рамковен договор. Соочен со аргументите дека таканареченото двојно мнозство го нема во Законот за Влада или во Уставот и дека Влада се гласа со просто мнозинство, Османи влезе во кавга со новинарите чии прашања ги окарктеризира како навредливи за Албанците.

Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет? Граѓаните одлучуваат кој ќе ја формира Владата. Затоа има две мнозинства со Рамковниот договор. тие што ги исполнуваат двете мнозинства, формираат Влада. Не може да се формира Влада без Бадентерово мнозинство.

Новинар: Но мандатот го добива една партија, а Влада се гласа со бадентер, туку со 61 пратеник.

Не знам како да ви обајснам. Да земам табла да ви нацртам.

Новинар: па цртавте еднаш, ама знаете како заврши тоа.

Епа изгледа треба пак да нацртам. Еве ви кажувам без ДУИ нема бадентер, а без бадетер нема функционална Влада. – Бујар Османи, колциција „Европски фронт“

Од ВМРО-ДПМНЕ пак се категорични дека ислучуваат секаква можна соработка со ДУИ и Али Ахмети во било која форма или варијанта. Потпретседателот на партијата Александар Николоски утрово порача дека брзо по 8 мај граѓаните ќе се уверат дека зборот ќе биде одржан.

„Со Али Ахмети е исклучена секаква соработка во било која варијанта, во било која форма, на било кој начин нема да има соработка со Али Ахмети. Ние сме многу сериозни дека ДУИ ќе оди во опозиција, јас сум свесен дека до првиот круг најголем дел од политичката елита и дел од граѓаните во Македонија мислеа дека блефираме и дека го правиме тоа за политички поени. Свесен сум дека во овој момент има граѓани кои сеуште мислат дека ова го правиме како политичка игра, но ние ова ќе го реализираме и нашата поддршка после изборите ќе расте затоа што ќе видат дека го држиме зборот„.– Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

После 8-ми мај ќе има Влада со ВЛЕН како единствен легитимен политички репрезент на Албанците со Бадентерово мнозиство, но без ДУИ и Левица, порачаа од Вреди по изјава на Османи. Пртхоходно во изјава посочија дека ќе се формираат работни групи кои ќе ги договораат деталите за формирањето на иднара Влада.

Дали ќе подржат еден од двајцата претседателски каднидидати од Вреди велат ќе одлучуват деновиве, но ги повикаа галасачите да излезат и да го остварат правото на глас на двојните избори.. Дали нивните членови и симпатизери вооошто да гласат и дали да поддржат некој од канидатите, став допрва ќе градат и во ДУИ.

Ангеловска-Бежоска на средба со директорот на ММФ Камер

 Претпазливата монетарна политика и макропрудентата политика, како и зголемената транспарентност на Народната банка одиграа клучна улога во одржувањето на макроекономската стабилност. 

Во првиот квартал од оваа година, инфлацијата беше сведена на едноцифрено ниво од 3,4 проценти, девизните резерви и натаму се зголемуваат достигнувајќи ниво коешто е повисоко за 30 проценти во однос на периодот пред пандемијата, а финансиската стабилност беше дополнително зајакната.

Ова, како што информираа денеска од Народната банка, било посочено на средбата меѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Европа, Алфред Камер, на маргините на Конференцијата од високо ниво во организација на централната банка на Словенија и ММФ, што се одржува во Порторож, Словенија.

Камер истакнал дека претпазливите политики на Народната банка биле клучни за соодветно надминување на кризниот период и важно е да се продолжи на тој начин. Ова ја нагласува важноста од зачувување на независноста на централната банка.

Гувернерката посочила дека, во период од една година, инфлацијата петкратно се намалила и се свела на пониски едноцифрени стапки, додека јазот меѓу домашната и инфлацијата во еврозоната значително се намалил.

- Истовремено, и покрај затегнувањето на монетарната политика, стабилноста на домашниот банкарски сектор беше зачувана, а истовремено беше зголемена отпорноста со преземањето на макропрудентните мерки од страна на централната банка. Во изминатите неколку кризни години, показателите покажуваат дека адекватноста на капиталот е на највисоко ниво во изминатите 17 години, додека нефункционалните кредити се блиску до историски најниското ниво. Кредитната активност, иако во еден период забави, и натаму претставува значителна поддршка за домаќинствата и за корпоративниот сектор, рекла гувернерката.

Ангеловска-Бежоска изразила благодарност до Камер за значајната поддршка што ММФ и ја дава на Народната банка во справување со неодамнешните незапаметени шокови.

Рејнолдс сам се грижел за своите четири деца еден ден: „Никој не умре, што е убаво“

Холивудскиот актер Рајан Рејнолдс откри дека еден ден се грижел за своите четири деца, кои ги има во брак со убавата Блејк Лајвли.

Водителката на „Today Show“ го прашала мегапопуларниуот актер како изгледало тоа.

- И знаеш. Самохран татко. Сè направив сам. Сите ги однесов во парк. Им кажав дека мајка им ги напуштила кога биле многу мали. Беше добро. Никој не умре, што е исто така убаво. Со четири деца едноставно преживуваш – се пошегува тој.

Инаку, Рејнолдс и Лајвли се во брак 11 години, а познати се по тоа што често се задеваат на социјалните мрежи.

Османи во Стразбур: Мултилатерализмот останува единствен ефикасен одговор кон предизвиците

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи се обрати на 133. сесија на Комитетот на министри на Совет на Европа во Стразбур, при што ја подвлече улогата на мултилатерализмот при справување со тековните многубројни предизвици.

-Покрај сите свои пропусти, мултилатерализмот останува единствениот начин да се мобилизира колективен одговор кон војни, кризи, вонредни ситуации и неспоредливи предизвици од различна природа. Советот на Европа останува суштински столб во тој поглед. Сепак, ние, земјите-членки ја носиме одговорноста за неговата ефикасност, истакна Османи.

Според него, на 75-годишнината од постоењето, Советот на Европа со нејзините норми и стандарди придонесе за подобрување на животот на граѓаните, чување на човековите права и негување на демократијата и владеењето на правото.

Министерот го поздрави денешното усвојување на Рамковната конвенција за вештачка интелигенција, човекови права, демократија и владеење на правото, како прв меѓународен инструмент во оваа област.

-Блиската соработка со другите меѓународни организации, особено со ЕУ, ОН и ОБСЕ при решавање на заедничките проблеми е од особено значење, додаде Османи.

За време на престојот во Стразбур, Османи ќе има средби со негови колеги од различни земји.

притисни ентер