Објавена причината за смртта контроверзниот О.Џ. Симпсон

Објавена причината за смртта на поранешниот американски фудбалер и актер: Симпсон имал рак на простата.

Објавена е официјалната причина за смртта на контроверзниот џетсетер О.Џ. Симпсон .

Според TMZ, поранешниот американски фудбалер, кој во 1995 година беше ослободен од обвинението за убиство на сопругата и нејзината пријателка во случај кој предизвика голем интерес кај американската јавност, починал од рак на простата.

Тој прво откри дека се бори со ракот, иако не прецизираше со кој, во мај 2023 година, но посочи дека ја победил болеста. Сепак, тој изгледаше многу изнемоштено на неговите последни јавни појавувања, дури и одеше со бастун во јануари 2024 година.

О.Џ. Симпсон почина на 10 април на 76-годишна возраст.

Поранешниот фудбалер и актер избегна да замине во затвор откако беше прогласен за невин за смртта на неговата поранешна сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Роналд Голдман, кои наводно ги избодел со нож во 1994 година во Лос Анџелес.

Симпсон подоцна одлежа девет години во затвор во Невада, откако во 2008 година беше осуден за 12 точки од обвинението за вооружен грабеж и киднапирање на двајца дилери на спортски сувенири под закана со пиштол во хотел во Лас Вегас.

Марија решила да пушти брада и станала позната низ цел свет, сопругот ја поддржува (ВИДЕО)

Марија да Консеисао (47) решила да ги остави предрасудите на страна.

Со текот на времето, таа станала популарна на социјалните мрежи, каде ги повикува луѓето да се прифатат себеси такви какви што се.

На Инстаграм е позната како „Барбудиња“ (брадеста), а претходно открива дека „не ги допирала влакната на лицето, затоа што пати од вишок тестостерон“, пренесува Лакале Блу радио.

„Тетка ми имаше брада, но ја избричи. Тоа е генетско кај нас. Кога мајка ми ги забележа првите влакна на моето лице, почна да ми ги бричи. Се плашеше од предрасуди, дека луѓето ќе ми се смеат“, изјавила Марија од Бразил.

Кога станала полнолетна, решила повеќе да не ја бричи брадата и конечно почнала да се „чуствува комплетна“.

Марија е во брак со Тињо Силва, а заедно се 17 години. Одлуката да пушти брада за малку ќе довела до развод, но на крајот тој ја прифатил нејзината одлука.

Покрај тоа, тој поттикнал да биде активна на социјалните мрежи. Неговата сопруга е многу активна на мрежите и се обидува да испрати силна порака до луѓето - сакајте се такви какви што сте.

По 12 дена љубов, сфатил дека невестата му е маж, но и тоа не е нејчудното (ВИДЕО)

Млад Индонезиец го доживеал својот животен шок откако дознал дека се оженил со маж, по што во паника повикал полиција.

Локалните медиуми ги објавија деталите за бизарната приказна која има вистински филмски пресврт, пренесува Oddity Central.

Сѐ започнало на интернет, каде А.К.(26) ја запознал Адина Канза Азахрај. По некое време, бил договорен состанок, а момчето признало дека веднаш се заљубил.

Не му пречело тоа што Адина го крие лицето, користејќи хиџаб или превез. Всушност, нејзината срамежливост уште повеќе го заинтригирала, па решил да ја запроси.

Адина прифатила, но рекла дека не сака свадба бидејќи „нејзината мајка починала“ и „не била во контакт“ со нејзиниот татко. Тврдела дека нема семејство да го покани на свадбата.

Парот се одлучил за дискретна церемонија одржана во нивното село и тогаш работите станале уште почудни.

Имено, Адина сепак не го симнала превезот, одбила да се дружи со семејството и пријателите, како и да го „конзумира бракот“.

Младиот човек им се пожалил на своите роднини, кои решиле да ја истражат историјата на жената, па токму тогаш почнала да се расплетува приказната. Го пронашле таткото, кој објаснил дека има син, а локалните медиуми ги објавиле само иницијалите Е. С. Х.

Штом слушнал дека се оженил со маж, А.К. повикал полиција.

„Е.С.Х.(26) признал дека барал пари од оштетениот. Секогаш кога барал, добивал. Нему ќе му биде поднесена кривична пријава и ќе се соочи со четири години затвор“, изјавил полициски извор.

Понатаму се наведува дека уапсениот по шминкањето имал „женски изглед“, што му овозможило да ги измами луѓето.

Најпознатиот светски Јутјубер подарува 26 Тесли, една е посебна

Најпознатниот Јутубер на светот, MrBeast, објави дека по повод неговиот 26-ти роденден на своите следбеници им подарува 26 автомобили Tesla.

"Го славам мојот 26-ти роденден, па на моите следбеници им подарувам 26 Тесли! Лајкнете ја оваа објава и означете двајца пријатели во коментар за да учествувате. Следете ме за да ви испратам порака ако освоите Тесла. Победниците ќе да бидат објавени за седум дена. Споделете го ова на вашата приказна и помогнете им на вашите пријатели да освојат Тесла“, напишал тој.

На овој линк е објавен и документ со сите детални правила на надградувачот на MrBeast.

Потсетуваме дека Џејмс Стивен Доналдсон, попознат како MrBeast, е најследен Јутјубер денес со над 240 милиони следбеници на таа платформа. Во 2023 година, тој беше најуспешниот дигитален креатор, според Форбс. Неговата проценета бруто заработка е дури 82 милиони долари.

притисни ентер