Вечерва на полноќ почнува предизборен молк, поради одлуката во среда да се прегласува во седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица бидејќи таму според ДИК, но и одлуката на Управниот суд регистрирани беа низа нерегуларности за време на изборите на 8-ми мај.
Од ДИК во изјава за Канал 5 велат дека се целосно подготвени за прегласувањето кое ќе се случи на две избирачки места во Крушево, исто така две избирачки места во Долнени, и по едно избирачко место во Струга, Охрид и Желино. Станува збор за вкупно 4521 лице со право на глас од кои 2 во старски домови и 5 во затвор.
„ Изборниот материјал денеска почнува со дистрибуција до општинските изборни комисии. Утре ќе бидат дистрибуирани и уредите за биометриска идентификација, направена е техничка проверка на овие уреди и се целосно подготвени да бидат ставени во функција, “-Радица Тодоровска - ДИК.
ОД ДИК исто така информираат дека гласањето кое ќе се одивива во затворите во Прилеп и Скопје го спроведува општинската изборна комисија на Прилеп и на општина Шуто Оризари, додека гласањето во старските домови во Битола и Скопје ќе го спроведува општинските изборни комисии на Битола и на Карпош.
Гласачко место: 1844 Струга
Гласачко место: 1272 Охрид
Гласачко место: 1202 Крушево
Гласачко место: 1194 Крушево
Гласачко место: 1470 Долнени
Гласачко место: 1470/1 Долнени
Гласачко место: 2101 Желино
ДИК на седницата која се одржа во саботата ги разреши и претседателите и членовите на избирачките одбори во избирачките места каде што беа утврдени нерегуларности и ќе има прегласување, но засега нема информација дали од нив ќе биде побарана и одговорност.