Николоски од Струмица: Врвен претставник на криминал и корупција во Македонија е Артан Груби

„Очекувам историски најголема победа за ВМРО-ДПМНЕ, со најголема разлика, најмногу гласови за Гордана Силјановска Давкова, најмногу гласови за Христијан Мицкоски за стабилна Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“.

„Очекувам историски најголема победа за ВМРО-ДПМНЕ, со најголема разлика, најмногу гласови за Гордана Силјановска Давкова, најмногу гласови за Христијан Мицкоски за стабилна Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4 на митингот во Струмица.

„Пред нас престои сериозна работа во деновите кои што доаѓаат, да се сретнеме со секој кој што сака да ни отвори, да поразговараме со сите кои што сакаат да не слушнат и да ги поканиме сите да излезат на гласање. Потребна е голема референдумска излезност и потребен е концентриран глас за ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што сите кои што се незадоволни од актуелната власт на заминување треба да знаат дека само глас за ВМРО-ДПМНЕ значи промена“, порача Николоски.

Николоски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање.

„Мојот противкандидат е човек кој што го уништи македонското здравство. Човек кој што ќе биде запишан на најцрните страници на македонската историја затоа што го уништи здравството и ја внесе корупцијата во него. Но, најголем дел од здравствените работници и докторите не се такви. Јас сакам вечерва да се заблагодарам и да го повикам и да го поздравите со нас вечерва е професор доктор Виктор Камнар, најдобриот македонски ортопед, човекот кој што ја направи првата трансплантација на коски во Македонија и во регионот. Камнар е човек кој што е претставник на чесните доктори и чесните лекари, на оние кои што сакаат да го градат македонското здравство и оние кои што не ги злоупотребуваат пациенти туку остануваат со нив секогаш кога им е потребно“, рече Николоски.

Тој посочи дека овие избори се избори во кои што ќе се стави крај на криминалот и корупцијата. Избори во кои што ВМРО-ДПМНЕ ја бара поддршката од граѓаните покрај СДСМ и ДУИ да се испрати во длабока опозиција.

„Ние сме многу сериозни во ова што го ветуваме, ние стоиме позади нашиот збор. И доколку ја добиеме вашата поддршка во огромен број како што ја очекуваме, ДУИ ќе оди во опозиција и ќе одговараат за криминалот и корупцијата кои што ги прават во Македонија“, укажа Николоски.

Николоски додаде дека врвен претставник на криминал и корупција во Македонија е Артан Груби.

„Сакам да го поздравам од овде од Струмица, и да му кажам дека ќе му ја испитаме цела работа од точка до запирка, се што правел ќе биде испитано. Ама исто така и сите наводи за криминалот што го прави и за притисоците кои што ги прави. Ќе испитаме и што прави другар му Перпарим во Лотарија на Македонија, и што правеа со притисоците за Законот за игри на среќа, и која е неговата улога во казината во Македонија, каква е неговата поврзаност со бројни градежни фирми во Македонија, каква е неговата поврзаност со спортските клубови кои што се се освен спортски клубови. И да му кажам од овде дека нема да му дозволиме нему блиска фирма да копа во Беласица, да отворат тука рудник за нивните камиони и багери да вртат. ДУИ нема да работи во Струмица и струмичко“, порача тој.

Тој нагласи дека одговорноста е битна работа и тоа е најпотребно во Македонија. Одговорност ќе има со помош на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во партиското соопштение.

Емери најдобар тренер во Премиер лигата во изборот на „Гол“

Предводникот на Астон вила, Унаи Емери е прогласен за најдобар тренер на сезоната во Премиер лигата.

Порталот „Goal“ направи рејтинг на најдобрите тренери на последното издание на англиското фудбалско првенство, оценувајќи ги со скала од еден до десет.

Емери доби оценка 9, зад него се Пеп Гвардиола од Манчестер сити и Микел Артета од Арсенал кои добија 8.

Јирген Клоп (Ливерпул), Анже Постекоглу (Тотенхем), Андони Ираола (Борнмаут) и Оливер Гласнер (Кристал Палас) добија 7.

На последното место и единствен со оцена 1 е тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг. /МИА

Бензема би сакал да ја напушти Саудиска Арабија, разочаран е од нивото на лигата

Карим Бензема сака да ја напушти Саудиска Арабија. Според Релево, фудбалерот е разочаран од нивото на лигата во земјата, недостатокот на професионализам и инфраструктура.

Сепак, заминувањето на Французинот од Ал-Итихад ќе биде тешко да се направи, бидејќи неговиот скапо платен договор е до 2026 година. Дополнително, заминувањето на Бензема може да се смета за навреда од локалните челници кои вложија значителни средства во играчот.

Се нагласува дека во најдобар случај може да му биде дозволено да се пресели во друг саудиски клуб, подобро опремен и заземајќи повисоко место во поредокот.

Ал-Итихад е петти во првенството.

Францускиот напаѓач се соочуваше со критики за неговите игри во текот на тековната сезона. Тој во моментов закрепнува од истегнување на мускулот на потколеницата, бидејќи веќе пропуштил еден месец.

Во текот на сезоната, 36-годишниот играч одигра 29 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 голови и осум асистенции./МИА

ПЕТ ФАКТИ КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ВИВА SMOOTHIE

Брзото секојдневие често не ни остава простор за избор и приготвување на здрави оброци. Но, затоа можеш да посегнеш по ВИВА Smoothie, овошна енергија која те движи низ денот.

Зошто тимот на ВИВА Smoothie верува дека вкусната и здрава овошна каша треба да ви биде секогаш на дофат на рака? Еве пет факти кои мора да ги знаете за ВИВА Smoothie.

1. ВИВА Smoothie се без додадени шеќери, без вода, без конзерванси и без адитиви.

За ВИВА Smoothie се користи овошје кое е селектирано со строги стандарди за квалитет што ни овозможува да произведеме вкусни и здрави овошни каши. Овошјата – јаболко, праска, капина, вишна, како и сочните домати се одбрани и откупени од најдоброто македонско поднебје, преработени и пасирани во нашата фабрика со најсовремена технологија. Задржувајќи ги сите природни витамини и минерали, ВИВА Smoothie е 100% природна овошна каша, без додадени шеќери, без вода, без конзерванси и без адитиви. Содржината на шеќер е исклучиво од самото овошје, затоа ВИВА Smoothie е вистинскиот избор за здрав и вкусен начин на живот!

2. Практично пакување идеално за секоја прилика.

Практичното пакување на ВИВА Smoothie е дизајнирано да одговара на динамичниот животен стил на модерниот потрошувач. Може да го понесете со себе и да го консумирате, без разлика дали сте на пат, на факултет, во канцеларија, дали спортувате или извршувате секојдневни активности. ВИВА Smoothie e брз To-Go оброк кој нуди максимална практичност и флексибилност, овозможувајќи ви да заштедите од вашето време и да се прилагодите на вашата дневна рутина.

ВИВА Smoothie е идеален избор за сите кои се грижат за своето здравје и здравјето на своето семејство, особено за децата и здравите оброци кои ги носат на училиште.

3. Придобивки од секојдневната консумација на ВИВА Smoothie.

ВИВА Smoothie е богат извор на витамини и минерали кои се клучни за поттикнување на здрав начин на живот. Овошната каша е брз и едноставен начин за внес на овошје секој ден, обезбедувајќи ги потребните нутриенти во секое време и во секој период од годината, за разлика од сезонските овошја кои се достапни само во одредени периоди.

Со ВИВА Smoothie, секогаш добивате производи со ист одличен вкус, без потреба од дополнително време за подготовка на „smoothie“ во кујна. Овој практичен и погоден начин на консумирање овошје ви овозможува да останете здрави и енергични без да го жртвувате вашето време и удобност.

4. 100% природни и уникатни комбинации на вкусови.

Нашиот тим задолжен за развој и иновации на нови производи составен од искусни прехранбени технолози-инженери кои работат во најсовремена хемиска и микробиолошка лабораторија, со поддршка на нашиот посветен маркетинг тим кој работи на длабински и долгорочни истражувања, овозможува континуирано развивање на нови производи и вкусови за потребите на нашите потрошувачи.

5. Три децении посветеност во производство на висококвалитетни производи.

Долгогодишната традиција на ВИВА во производство на висококвалитетни производи е основа на успехот, довербата и лојалноста кај потрошувачите од сите генерации. Компанијата веќе 30 години доследно се придржува кон високите стандарди за врвен квалитет, не отстапувајќи од потрагата да го понуди само најдоброто за своите потрошувачи.

Преку реализацијата на многубројни меѓународни едукации и усовршувања на тимот, како и со континуираното учество на најголемите и најпознати светски саеми од индустријата на пијалаци и храна, како што се „Anuga“ во Германија и „Gulfood“ во Дубаи, компанијата не само што е во тек со најновите случувања, туку и самата креира трендови.

притисни ентер