Нападите врз политичарите станаа секојдневие

Удари, плукања, закани... Продолжуваат нападите врз германските политичари и активисти во кампањата. Тие главно доаѓаат од радикалната десница. Затоа се повеќе луѓе размислуваат да се откажат од локалната политика.

Дојче Веле

Удари, плукања, закани... Продолжуваат нападите врз германските политичари и активисти во кампањата. Тие главно доаѓаат од радикалната десница. Затоа се повеќе луѓе размислуваат да се откажат од локалната политика.

Сенаторката за економија на Берлин Франциска Гифај (СПД) е полесно повредена во физички напад во областа Рудов. „Во вторникот (7 мај) попладне во библиотеката, маж ненадејно ја нападнал поранешната градоначалник одзади со торба полна со тврда содржина и ја удрил во главата и вратот“, соопштија од берлинската полиција и обвинителството.

Полицијата започна истрага. По нападот, поранешниот федерален министер за семејни прашања „заминал на кратко во болница поради болки во пределот на главата и вратот“, се вели во соопштението на властите.

Да се ​​заостри Кривичниот законик

Во вторникот, федералните и државните министри за внатрешни работи се состанаа поради неодамнешните напади врз политичари и предизборни активисти. Се изјаснија за подобра заштита на политички активните луѓе, но и за заострување на Кривичниот законик.

Оние кои се политички активни во Германија живеат се поопасни животи. Нападот на Гифаи е само врвот на ледениот брег. Од ден на ден, особено локалните политичари се напаѓаат - им се закануваат и навредуваат.

Како и Макс Решке, кој од пред една година е предводник на Zелените во Тирингија. Тој изјави за ДВ: „Од Божиќ до почетокот на годината, за време на протестот на фармерите, имавме купишта ѓубре пред вратата на секоја канцеларија, јајца на прозорците, скршени прозорци во неколку канцеларии, а исто така уништени со експлозиви пoштенски сандачиња“.

„Се случува луѓето да ви кажат дека ако се вратат на власт, тогаш ќе ни се случи ова и она. Вербалното насилство дефинитивно се зголеми во последните неколку години“, вели Решке.

Посебно на мета се Зелените

Зелените политичари се особено често напаѓани. Затоа, Решке и неговиот тим за време на предизборната кампања за локалните избори, кои се одржуваат на крајот на мај и европските избори на почетокот на јуни, излегуваат на терен барем во пар - за своја безбедност.

На курсевите, активистите на Зелените се обучуваат да разговараат мирно со луѓето, да практикуваат деескалација на тензиите и да не дозволуваат да бидат провоцирани.

„Има луѓе кои сега ни кажуваат за што некогаш мислеле само. Тие исто така се обидуваат да ги заплашат семејствата. А има и други кои мислите ги претвораат во дела. За жал, ова е она што сега го гледаме во Дрезден“, вели Решке.

Екипата на ДВ ја следеше кампањата на Зелените во Дрезден, кога дојдоа неколку гневни граѓани кои пцуеја и плукаа по неа, а дојде до туркање назад. Тие се заканија и на екипата на ДВ.

Неколку дена пред тоа, исто така во Дрезден, политичар од СПД беше претепан и мораше да биде хоспитализиран.

Гори куќата на политичар од СПД

И не само таму: во Есен во Северна Рајна Вестфалија, на почетокот на мај, двајца политичари на Зелените прво беа вербално навредувани, а потоа и физички нападнати. Еден е повреден.

Во Бранденбург истиот ден, гневните демонстранти удриле во автомобилот на потпретседателката на Бундестагот Катрин Геринг-Екарт (Зелени) и ја спречиле да продолжи понатаму.

И во Гота во Тирингија во февруари непознати лица ја запалија куќата на политичар од СПД кој организираше демонстрации против десничарскиот екстремизам.

За жал, насилството врз политичарите не е нов феномен: градоначалничката на Келн, Хенриета Рекер, беше жртва на обид за атентат во 2015 година, кој за влакно го преживеа.

Пред пет години, десничарски екстремист го уби политичарот на ЦДУ Волтер Либке.

Баварскиот премиер Маркус Зедер ја обвинува десничарската Алтернатива за Германија (AfD) за најновото насилство врз политичарите. Но, и нивните политичари стануваат жртви на напади.

Макс Решке сака да продолжи да се занимава со политика, но бара локалните политичари да добијат поголема заштита од државата и полицијата. „Едноставно, во последно време е премалку. Не треба прво да се случи нешто пред да преземеме акција. Општеството како целина мора да се запраша во која насока сакаме да одиме. Мислам дека повеќе насилство и страв не можат да имаат смисла“.

Омраза кон државата

Четири од десет градоначалници во Германија велат дека тие или нивните соработници биле навредувани, трпеле закани и напади, покажува истражувањето на Форса на 6.400 градоначалници во Германија.

Некои од нив затоа се справија со идејата да се откажат од локалната политика. Но, ова не е чисто германски феномен, туку тренд низ Европа, но и во САД, вели за ДВ Свен Теклаф, шеф за демократија и соработка во фондацијата Кербер.

„Начинот на зборување стана погруб и секако дека има врска со социјалните мрежи. „Луѓето таму се натпреваруваат во нивната омраза кон државата, системот, политиката, „оние горе““, вели тој.

Друга работа, според Тезлаф, е феноменот што се повеќе луѓе инсистираат на сопствените интереси, дека само нивните идеи се спроведуваат. Така, подготвеноста да се најде компромис или рамнотежа помеѓу различни интереси се намалува.

„Ако моите интереси не се спроведуваат, тогаш го отфрлам системот, тогаш ги навредувам политичарите кои не ги спроведуваат моите интереси“, толкува Теклаф.

Најлошиот исход, вели овој експерт, е бегството на луѓе од локалната политика, каде што многумина работат како волонтери во месни заедници или мали општини.

„Ако веќе немаме доверба на локално ниво дека оваа демократска држава може да функционира, тогаш навистина имаме огромен проблем во Германија“, заклучува Теклаф.

Родителите преплашени по нападот со нож во училиште во Кина- најмалку две лица загинале

Најмалку две лица загинаа, а 10 се повредени во напад со нож во основно училиште во кинеската провинција Џиангкси.

Полицијата соопшти дека жената (45) го извршила нападот употребувајќи нож за салата. Во меѓувреме била уапсена.

Нападот се случил околу пладне по локално време, но се уште не е познато дали меѓу жртвите има и деца.

По веста за нападот, родителите веднаш се упатиле кон училиштето и го опишале својот страв и шок.

„Дознав околу пладне, бев многу шокиран. Моето дете е петто одделение и безбедно си стигна дома, но училиштето не нѝ извести за ништо и сѐ чува во тајност. Се враќам да го утешам детето и да дознаам што точно се случило“, рече еден родител за Би-Би-Си.

Друг татко рекол дека е многу исплашен и дека не се исплашени само децата, туку и возрасните.

"Наставниците добро реагираа - веднаш објавија фотографии од децата во родителската група, рекоа дека децата се безбедни и веднаш ја заклучија вратата. Ги замолија родителите да дојдат да ги земат", рекол друг татко.

Тој додаде дека наставниците им рекле дека нападот е под истрага и дека не знаат повеќе детали.

Официјално: Ливерпул најде замена за Клоп, од 1 јуни на неговото место доаѓа Арне Слот

Денови на промени во Ливерпул.

Откако Јирген Клоп го одигра својот последен меч со „црвените“ во неделата против Вулверхемптон Вандерерс, клубот денеска откри дека негов официјален наследник ќе биде долгогодишниот шеф на стручниот штаб на Феенорд, Арне Слот.

Тој ќе ги преземе своите обврски на 1 јуни 2024 година, а Ливерпул успеа да се договори со Феенорд за сите детали.

Специјалистот со холандско потекло пристигнува во Ливерпул по големиот успех во Феенорд, каде што го предводеше тимот до титулата во 2023 година, а двапати беше прогласен за тренер на годината во Ередивизие.

Годинава го освои холандскиот куп со Феенорд, откако тимот во финалето го совлада НЕЦ Најмеген со минимален резултат.

Покрај тоа, Слот во текот на кариерата беше тренер на АЗ Алкмар со кого што го освои второто место, веднаш зад Ајакс со кого беше израмнет по бодови, но не и во гол разлика.

Тој ќе стане и првиот шеф на стручниот штаб на Ливерпул кој доаѓа од Холандија, а всушност ќе започне со работа во јули за време на подготовките.

САД изразија сочувство за смртта на иранскиот претседател

Соединетите Држави денеска испратија „официјални изрази на сочувство“ за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и други официјални лица во хеликоптерска несреќа, објави Стејт департментот.

„Додека Иран избира нов претседател, ние ја потврдуваме нашата поддршка за иранскиот народ и неговата борба за човекови права и основни слободи“, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер во соопштението.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека нема увид во причината за хеликоптерската несреќа во која загина иранскиот претседател Ебрахим Раиси, додавајќи дека не мора да го гледа поширокото влијание на тој настан врз регионалната безбедност.

„Не можам да шпекулирам што би можело да биде причината“, им рече Остин на новинарите.

Американскиот Стејт департмент додаде дека САД ќе продолжат да се спротивставуваат на поддршката на Иран за тероризмот, ширењето на опасно оружје и унапредувањето на неговата нуклеарна програма.

притисни ентер