Началник на Генералштаб на Полска: Земјата ќе биде подготвена за долга и крвава војна

Началникот на Генералштабот на полската армија, генерал Вислав Кукула, изјави дека во текот на следните две до три години, неговата земја ќе ја реформира и ќе ја зајакне својата војска, така што ќе биде подготвена за „крвава и долга војна“.

„Денес сме убедени дека евентуалната војна би била долга и крвава, а мнозинството професионални војници не би издржале до крај. Резервистите ќе бидат главни и тие ќе ја завршат војната. Мораме да го промениме начинот на размислување, така што резервистите бројчано ќе влезат во вооружените сили, ќе бидат опремени како професионални војници и обучени на истите курсеви“, рече генералот Кукула за јавното полско радио.

Полските генерали во реформата на војската се угледуваат на моделот на Финска, каде вооружените сили имаат само 31.500 професионални војници, но во секој момент нивните редови можат да ги пополнат 280.000 добро обучени резервисти.

Полска планира да ја зајакне армијата на 300.000 војници, меѓу кои ќе има професионални војници, потоа Полјаци кои доброволно го отслужиле воениот рок и Армијата за територијална одбрана, а покрај тоа и активни резервисти, кои до 2039 година треба да брои 150.000.

Полска планира да ја зајакне армијата на 300.000 војници, меѓу кои ќе има професионални војници, потоа Полјаци кои доброволно го отслужиле воениот рок и Војска за територијална одбрана, а покрај тоа и активни резервисти, кои до 2039 година треба да изнесуваат 150.000.

„Доброволното служење воен рок и територијалната одбрана се покажаа како успех, не затоа што беа генијално замислени, туку затоа што едноставно ги погодивме очекувањата во општеството. Голем дел од нашето општество сака да биде подготвено и да научи професионално да се бори“, рече началникот на Генералштабот.

Полска почна брзо да ја модернизира армијата уште пред рускиот напад на Украина, а продолжува да купува оружје и новата проевропска влада, која се обврза да издвојува четири отсто од БДП годишно за одбрана, што е највисоко во НАТО.

Стравот дека нема гаранции дека Русија ќе застане доколку ја победи Украина и дека Полска нема да биде следната цел, барем додека Москва не ја врати својата сфера на влијание од времето на Студената војна, јавно го изразуваат и официјалните лица и опозиција.

Стравувањето дека нема гаранции дека Русија ќе застане доколку ја победи Украина и дека Полска нема да биде следната цел, барем додека Москва не ја врати својата сфера на влијание од времето на Студената војна, јавно го изразуваат и власта и опозиција.

„Можете ли да ми гарантирате дека (рускиот претседател Владимир) Путин нема да нападне ниту една земја на НАТО“, го праша полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски новинарот во интервјуто за новиот број на германскиот весник „Билд“.

Тој изјави дека „со оглед на тоа колку пати во историјата Русија ја нападнала Полска“, Полјаците ни сега не би биле изненадени од таков напад , а дека доколку Путин стигне до границите на Полска, ќе го направи истото што го направи Хитлер пред. Втората светска војна со Чешка.

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со ректорите на државните универзитети

Претседателката Сиљановска Давкова беше инаугурирана вчера во македонското Собрание, каде даде свечена изјава пред Собранието по што започна да тече нејзиниот петгодишен мандат како шеф на државата.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги прими ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот во Тетово и „Мајка Тереза“ – Скопје, информираат од нејзиниот кабинет.

Претседателката Сиљановска Давкова беше инаугурирана вчера во македонското Собрание, каде даде свечена изјава пред Собранието по што започна да тече нејзиниот петгодишен мандат како шеф на државата.

Сиљановска Давкова како шести претседател од осамостојувањето на државата и прва жена избрана на оваа позиција, го наследи Стево Пендаровски на претседателската функција, откако го победи на изборите одржани на 8 мај.

Поранешен телохранител ја обвини Џоли: Се обиде да ја уништи врската на Бред Пи со децата

Мегапопуларната холивудска актерка Анџелина Џоли е обвинета дека се обидела да ги наруши односите меѓу нејзиниот поранешен сопруг актерот Бред Пит и нивните шест деца по нивното разделување.

Мегапопуларната холивудска актерка Анџелина Џоли е обвинета дека се обидела да ги наруши односите меѓу нејзиниот поранешен сопруг актерот Бред Пит и нивните шест деца по нивното разделување, според судските документи поднесени во Врховниот суд во Лос Анџелес.

Тони Веб работел како телохранител на семејството повеќе од 20 години и тврди дека Анџелина го отпуштила откако двајца негови телохранители застанале на страната на Бред.

Во шокантната изјава на поранешниот телохранител на славниот пар, агенцијата со која тој има договор информираше дека Анџелина ги терала децата да го избегнуваат Бред Пит, додека таа самата го имала старателството над нив.

Документите со детали за скандалозните тврдења беа објавени како дел од тековниот спор на поранешната двојка околу сопственоста на француското лозје и замокот Миравал.

Земан: Да се договори примирје и да започнат преговори меѓу Украина и Русија

Поранешниот претседател на Чешка, Милош Земан денеска апелираше да се договори примирје и да започнат мировни преговори меѓу Украина и Русија, бидејќи тоа успешно ќе ја блокира руската офанзива на фронтот,.

Поранешниот претседател на Чешка, Милош Земан денеска апелираше да се договори примирје и да започнат мировни преговори меѓу Украина и Русија, бидејќи тоа успешно ќе ја блокира руската офанзива на фронтот, а во сегашната ситуација Украина нема да биде осудена на пораз доколку руската армија ја пробие нејзината одбранбена линија.

-Ги разбирам оние кои бараат мирно решение…. затоа што предупредуваат за моменталната ситуација на бојното поле што може да доведе до нарушување на украинската одбрана и мировните преговори може да ја блокираат руската офанзива, изјави Земан во интервју за чешкиот таблоид Блеск.

Поранешниот чешки претседател нагласи дека е за помош на Украина, вклучително и испорака на оружје и муниција, што чешката опозиција го критикува, но дека иако порано постоела надеж дека Украина ќе ги ослободи окупираните територии, сега воените аналитичари предупредуваат на ризикот на поразот, пренесе Бета.

-Јасно кажувам дека не би сакал пораз на Украина. Историски гледано, Украина не може да ги врати своите територии во догледна иднина, дури и ако помошта од Запад значително се зголеми, изјави Земан.

Поранешниот чешки претседател рече дека идеите Западот да помогне со испраќање свои војници, за кои зборува францускиот претседател Емануел Макрон, наидуваат на отпор главно кај членките на НАТО.

-Разберете дека во моментот на загинување на првите француски војници на украинска територија, тоа ќе предизвика внатрешно-политичка криза во Франција. Затоа, дури и таква варијанта не е многу веројатна. Затоа велам, пред Русите да постигнат поголем успех на бојното поле, потребно е барем да се постигне договор за примирје и со блокирање на таа руска офанзива, рече Земан.

притисни ентер