МЗШВ: Започна аплицирањето за директни плаќања по Програмата за финансиска поддршка за 2024.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделските стопанства, дека во период од 10 мај до 1 јули ќе можат да поднесат барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира земјоделските стопанства, дека во период од 10 мај до 1 јули ќе можат да поднесат барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Во наведениот период земјоделските стопанства можат да поднесуваат барања за:

- растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал,

- сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда во кланица, како и за

- органско земјоделско производство.

Земјоделските стопанства своите барања ги поднесуваат во електронскиот систем на АФПЗРР, а доколку имаат потреба од помош или поддршка можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ.

Аплицирањето е преку линкот www.ipardpa.gov.mk - Директни плаќања е-субвенции. Со отварање на овој линк, во полето „Известувања/упатства“ достапни се деталните упатства за поднесување на барањето, Листата на потребни документи како и Програмата и Уредбата за директни плаќања во кои детално се претставени условите и висината на финансиската поддршка, соопшти МЗШВ.

Алигатор од 4 метри „ненајавено посети“ училиште во Флорида (ВИДЕО)

Експерти за диви животни биле повикани во училиште во Флорида откако граѓани забележале алигатор како талка по патеката.

Локалната полиција набрзо пристигнала на местото на настанот. Било истакнато дека рептилот талка низ делот што секојдневно го користат децата, пренесува UPI.com.

На Инстаграм е објавено видео од фаќањето на импресивен алигатор од 3,8 метри.

„Надлежните служби беа на штрек додека не беше фатен, за да се обезбеди безбедност на граѓаните“, соопштено е.

Опасниот предатор е вратен во природното живеалиште, далеку од градското подрачје.

Се верил со порно актерка, ѝ дал прстен од милион долари, па сега се премисли (ФОТО)

Рајан Гарсија неодамна го победи американскиот боксер Девин Хени и му го нанесе првиот пораз во кариерата, но на крајот не го доби појасот затоа што на мерењето ја надмина границата со килограми.

Во меѓувреме, Гарсија стана центар на допинг скандал, тој беше позитивен на остарин, кој помага за зголемување на мускулната маса и најверојатно ќе биде суспендиран.

Но, она што најмногу ги наполни страниците на светските медиуми е тоа што тој ја запроси познатата порно актерка Савана Бонд. Сепак, многу брзо се „скрши“ и е виден во друштво на неколку топ модели.

– Тоа не беше мојот најдобар потег – рекол Гарсија, кој потрошил милион долари на прстенот, пренесуваат медиумите.

Гарсија гостувал во подкаст и на прашањето дали веќе раскинал со Савана, тој рече - ДА!

Се осврна и на приказните за допингот.

- На крајот на краиштата, јас не пијам стероиди, никогаш во животот не сум земал стероиди. Едвај земам суплементи. Чист сум во текот на целиот е*ен камп, а потоа наводно бев потежок ден пред и потоа.

Јапонските власти со апел да не се оди во шума, откако мечка уби човек

Жителите на североисточниот дел на Јапонија се предупредени да останат во затворени простории ноќе и да не прават никаков шум или бучава, за евентуално да не ги исплашат и налутат мечките кои станаа заканувачки опасност во оваа земја.

Луѓето во североисточна Јапонија се предупредени да внимаваат на диви мечки, откако еден човек беше пронајден мртов со длабоки исеченици, а полицајците биле тешко повредени.

Двајца полицајци биле нападнати во саботата во градот Казуно, во префектурата Акита, додека го извлекувале телото на исчезнатиот маж, објавија јапонските медиуми.

Еден човек бил пронајден мртов откако неколку дена претходно отишол да бара бамбус во планините.

Се уште не е потврдено дали мечка е одговорна за неговата смрт.

Повредите на полицајците, иако сериозни, се верува дека не се опасни по живот.

Во потрагата по мечките се вклучени полициски хеликоптер и автомобили. Пошумените површини во Казун се затворени „на неодредено време“ - со поставени предупредувачки знаци.

Жителите се предупредуваат да не излегуваат навечер и да држат ѕвона или нешто слично во рацете за да ги исплашат мечките доколку наидат на нив.

притисни ентер