МЕНИ
ПОЧЕТНА ВЕСТИ СПОРТ ПРОГРАМА ПРОГРАМА 5 + ЕМИСИИ СЕРИИ КОНТАКТ

ПРЕГЛЕД НА НОВОСТИ

петок, 19 мај 2017 во 21:29
img

Преживеа голема трагедија, а сега не ја симнува насмевката од лицето (фото)
Познатата манекенка Петра Немцова прошета по црвениот тепих на Канскиот фестивал, а сите ја забележаа нејзината блескава насмевка, како и еден не толку сјаен детаљ.

Иако е во четвртата деценија од животот, Петра Немцова, и понатаму е присутна на модната сцена, а ниедна поголема забава не може да помине без лицето на оваа убавица.

Така кога чешкиот топ модел се појави на гламурозното отворање на Филмскиот фестивал во Кан, сите очи беа вперени кон неа.

Foto: Guliver

Иако сите ја коментираа нејзината блескава насмевка, многумина забележаа еден “проблематичен“ детаљ.
Станува збор за деколтето кое не беше совршено, а кое манекенката намерно го истакна бирајќи атрактивен крој за фустанот.

Нормално поркај оваа ситна забелешка, сите се сложија дека нејзината витка става освојува и ден денеска, а посебно ја пофалија насмевката која Немцова ја одржува, иако е познато дека помина низ многу тешки животни ситуации.

Foto: Guliver

Потсетуваме на нејзината голема храброст и оптимизам откако беше жртва на цунамито, кое во 2004 година го погоди Тајланд. Во несреќата се здоби со тешки повреди, а нејзиниот свршеник Сајмон Атли загина тој ден.
Петра после тој немил настан се посвети на хуманитарната работа и активизмот, кој и помогна полесно да се соочи со траумата низ која помина.

Кога е во прашање нејзиниот љубовен живот, Петра после оваа загуба влегуваше во врски кои беа со краток рок.

Се забавуваше со Џејмс Блант, Џулијен Ленон, Бадр Џафар, Шон Пен, Џејми Белман, а во најновиот магазин на „People&life”, Петра откри дека е свршена.

Сепак, не е познато името на тој среќник.

КАТЕГОРИИ НА ВЕСТИ

КАНАЛ 5 Мобилна Верзија

Добредојдовте на веб страната на Канал 5 Телевизија, оптимизирана за приказ на мобилните уреди или Вашите таблет персонални компјутери.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Контактирајте не и дознајте ги информациите кои ви се потребни.

СТАНДАРДНА ВЕРЗИЈА