МЕНИ
ПОЧЕТНА ВЕСТИ СПОРТ ПРОГРАМА ПРОГРАМА 5 + ЕМИСИИ СЕРИИ КОНТАКТ

ПРЕГЛЕД НА НОВОСТИ

петок, 19 мај 2017 во 19:56
img

Ја оставил три дена пред венчавката, но свадба сепак имало!
Какво разочарување! Несудениот сопруг ја оставил на само три дена пред венчавката и во целост ја шокирал.

Триесетгодишната Карли Алекс од британскиот град Фавершам останала само после деветгодишна врска и закажана венчавка.

Шон ја оставил три дена пред венчавката, но не само неа туку и нивните две деца. Парот меѓусебно се обвинува за неверство, а подебелиот крај го извлекла Карли.

„Венчавката треба да биде најдобриот ден во животот, а кај мене е обратно. Не знам дали некогаш ќе можам целосно да го пребродам ова“ – изјавила Карли.

Сепак, таа се одлучила да покаже дека и останало нешто од достоинството, па до олтарот прошетала со своите деца.

Интересно е што тоа требало да биде двојна венчавка бидејќи и братот на Карли на ист ден сакал да го каже судбоносното “да“.

КАТЕГОРИИ НА ВЕСТИ

КАНАЛ 5 Мобилна Верзија

Добредојдовте на веб страната на Канал 5 Телевизија, оптимизирана за приказ на мобилните уреди или Вашите таблет персонални компјутери.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Контактирајте не и дознајте ги информациите кои ви се потребни.

СТАНДАРДНА ВЕРЗИЈА