МЕНИ
ПОЧЕТНА ВЕСТИ СПОРТ ПРОГРАМА ПРОГРАМА 5 + ЕМИСИИ СЕРИИ КОНТАКТ

ПРЕГЛЕД НА НОВОСТИ

понеделник, 20 март 2017 во 21:32
img

Унгарија отвори мала воена база за да го спречи влезот на мигрантите
Министерот за одбрана на Република Унгарија, Иштван Симицко, отвори мала воена база на јужната граница за да се спречи влезот на имигрантите.

Тој рече дека војниците работат за заштита на границите и затоа стотици илјади не можат да маршираат во оваа земја, извести АП.

Минатата недела, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, рече дека новата ограда што се гради на границата со Србија, која е опремена со апарати за следење, може да го блокира големиот број на мигрантите и затоа во Австрија и Германија луѓето можат да спијат мирно, бидејќи Унгарците ќе ги бранат надворешните граници на ЕУ.

На крајот од 2015 година, Унгарија изгради бариери за мигранти на границата со Хрватска и со Србија.

Во новата воена база во Херцешанто, ќе има 150 војници.

КАТЕГОРИИ НА ВЕСТИ

КАНАЛ 5 Мобилна Верзија

Добредојдовте на веб страната на Канал 5 Телевизија, оптимизирана за приказ на мобилните уреди или Вашите таблет персонални компјутери.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Контактирајте не и дознајте ги информациите кои ви се потребни.

СТАНДАРДНА ВЕРЗИЈА