Мицкоски: Правилото победник со победник е прекршено во 2017 година и тоа не важи

Оној кој има 61 пратеник во парламентот ја формира идната влада.

„Жалам што сеуште раководството на ДУИ живее во некои времиња кој се минато во Македонија. Македонија е држава на сите граѓани во нејзе, ниту е федерација, ниту е би, три, четири национална држава. Македонија според Уставот е држава на сите граѓани, според демократијата оној кој има 61 пратеник ја формира идната влада во Македонија или ја формира владата. Јас не знам како тие пресметале дека се претставници на мнозинското не македонско население во Македонија. Мислам дека сите ние сме граѓани на Македонија, Македонци и ценам дека политиката не треба да се гледа како условно кажано шведска маса, па ДУИ малце ќе земе сега од СДСМ, малку од ВМРО, малку од некоја друга политичка партија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Стопанската комора на Северо - Западна Македонија.

Претседателот Мицкоски продолжи и додаде:

„ДУИ беше шест и половина години со СДСМ во владата. Тие се поразени во првиот круг претседателски избори. Очекувам да бидат поразени и после парламентарните избори и очекувам ДУИ да биде опозиција за неколку недели од денес“, истакна Мицкоски.

Претседателот Мицкоски уште еднашка укажа на тоа дека демократијата се темели на принцип врз основа на тоа кој има мнозинство во парламентот ја прави владата.

„Демократијата се темели на принципот кој има мнозинство во парламентот и ја прави владата, не знам за кој мајски договор зборува ДУИ, не знам за кое правило победник со победник. Имаше едно правило во минатото победник со победник кој е резултат од минатото, тој договор и тоа правило за жал самите тие го прекршија уште во 2017 година и повторно би потсетил дека политиката не треба да ја гледаме како шведска маса па малку со едните, другите, третите. Доколку ВМРО-ДПМНЕ освои мнозинство како што се очекува немаме ниту елементарна доверба да соработуваме со ДУИ, така што тие мора да одат во опозиција“, дециден е Мицкоски.

Вучиќ: Никогаш нема да прифатиме независно Косово

Претседателот Александар Вучиќ денеска пред средбата со српскиот патријарх Порфири и претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека српскиот народ на Косово и Метохија е изложен на брутален прогон. 

Претседателот Александар Вучиќ денеска пред средбата со српскиот патријарх Порфири и претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека нашиот народ на Косово и Метохија е изложен на брутален прогон и дека тоа нема лесно да се запре и рече дека ќе никогаш нема да прифати независно Косово, пренесе Телеграф.

„Во секој случај, ние ќе се спротивставиме на нивните незаконски и на сите други акти на насилство, со политички средства и ќе направиме сѐ што можеме за нашиот народ на Косово и Метохија. И секако не морам да ви повторувам дека никогаш нема да прифатиме независно Косово како остварен факт“, истакна Вучиќ.

Тој нагласи дека секојдневно на различни начини не само од срце и душа, туку и физички се обидуваат целосно да ни го одземат КиМ.

Уште не се родил, а веќе вози автомобил - полските полицајци не можеле да поверуваат (ВИДЕО)

За време на рутинска сообраќајна контрола во полскиот град Гарволин, полицајци запреле 21-годишен возач на Шкода, по потекло од Непал.

На младиот човек му била побарана возачка дозвола, а потоа настанал метеж.

Имено, полициските службеници го погледнале документот и помислиле дека е фалсификат. Необичниот случај се случил на 14 мај во вечерните часови, пренесува tvn24.pl.

„Во возачката дозвола пишуваше дека е роден на 24 октомври 2059 година. Недостасуваа водени жигови, додека хартијата беше нерамномерно исечена. Немаше потпис од органот што ја издал дозволата“, соопштија надлежните.

Во Непал, од каде што потекнува младиот возач, официјално се користи календарот Бикрам Самбат, според кој сега годината е 2081 година.

Во овој случај, датумот на раѓање (2059) би се совпаднал. Сепак, во документот има и други датуми: издавање - 31 март 2023 година и датум на истекување - 30 март 2028 година.

Возачката дозвола е одземена, а автомобилот е предаден на овластено лице. Против 21-годишникот е поведена постапка за можно фалсификување.

Израелската војска пронашла тела на тројца заложници- меѓу нив и останките на Шани Лук

Израелската армија пронашла тела на тројца заложници во Појасот Газа, соопшти денеска портпаролот на ИДФ, контраадмирал Даниел Хагари.

Хагари рече дека тоа се Јицак Гелерентер, Амит Бускила и Шани Лук, пишува Тајмс оф Израел.

Хагари вели дека телата биле пронајдени во операција во текот на ноќта на армијата и Шин Бет.

Тројцата биле на музичкиот фестивал „Супернова“ во близина на Реим утрото на 7 октомври, каде потоа побегнале во областа Мефалсим.

Хагари вели дека таму биле убиени од членови на Хамас, а нивните тела потоа биле префрлени во Газа.

притисни ентер