Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас за неговото тврдење дека Гоце Делчев е Бугарин. 

Гласот за Стево Пендаровски е глас за навредите на човек кој во отсуство на аргументи напаѓа и навредува жена. Гласот за Стево Пендаровски е глас за човек кој вели дека бугарскиот диктат мора да се прифати, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Велес во рамките на претседателската изборна кампања.

Стево пак, вели Мицкоски, главно што сработи е што пренесуваше поздрави до Бојко, со реченицата - кај си љубави имаш поздрав од Зоки.....и кога не пренесуваше поздрави учествуваше во се што е криминално и нема закон кој не го потпиша.

Понатаму, Мицкоски посочува и дека гласот за Стево Пендаровски е глас за човек без свое јас и човек кој не верува во принципи, гласот за Стево Пендаровски е глас и одобрување на прогонот на патриотите и луѓето кои се жртви на политичка хајка за 27 април за кои луѓе кои не бараат милостина туку правда, Стево со прст не мрдна.

„А денес одбројувам уште еден неславен јубилеј. Поминаа буквално 14 дена од изборната кампања, а Стево Пендаровски ниту еднаш не го нападна или искритикува ДУИ и Ахмети за било што. Тоа значи дека е привезок на ДУИ, нивен втор кандидат за претседател. Граѓаните тоа жестоко ќе го казнат на изборите, најпрвин на 24-ти април, а потоа и на 8-ми мај“, рече Мицкоски.

Од Велес, Мицкоски испрати апел до македонските граѓани, масовно да се излезе на гласање затоа што овие избори ќе се одлучат уште во првиот круг на 24 април со тоа што својот глас ќе го дадат за професорката Гордана Силјановска Давкова и за ВМРО-ДПМНЕ која што претставува движечка сила на промени.

„Гласајте за професорката Гордана Силјановска Давкова. Народот на овие избори има јасен избор. Нашата понуда за претседател е личност со извонреден интелект, и интегритет. Личност со верба во принципи и со свој став. Ставовите на професорката Гордана Силјановска Давкова може да не ви се допаѓаат или да ви се допаѓаат, но не можете да спорите дека секогаш тие се издржани и со аргументи. Тоа е жена која е чесна во политиката и со огромно знаење“, истакна Мицкоски.

Посочи дека гласот за Гордана Силјановска и заокружувањето на бројот два е глас за горда Македонија, за Македонија со верба и иднина, за принципи и вредности.

„Поддржувајќи ја Силјановска вие поддржувате жена со визија и енергија за промени, жена која цврсто верува во правото и правдата. Таа ќе биде гаранција и брана над сите повреди и кршења на Уставот и законите. Затоа изборот е јасен“, порача Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Стапката на невработеност во Германија изнесува 5,9 отсто

Невработеноста во Германија сè уште е на највисоко ниво од мај 2021 година.

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во Германија во април изнесуваше 5,9 отсто, што е исто како и во претходните четири месеци, а бројот на невработени се зголеми месечно за 13.000 на 2,732 милиони, соопшти денеска германската Сојузна агенција за труд.

Невработеноста во Германија сè уште е на највисоко ниво од мај 2021 година.

Највисока невработеност традиционално е забележана во германските сојузни покраини Бремен и Берлин, а најниска во Баварија и Баден-Виртемберг.

За априлската статистика, Агенцијата користела податоци кои биле достапни до 15-ти во месецот, пренесува порталот Wirschaftsvohe.

„На пазарот на трудот сè уште му недостига силна поддршка на економијата, така што пролетното закрепнување останува слабо“, изјави членот на управниот одбор на Агенцијата, Даниел Терзенбах.

Побарувачката за работници исто така благо опаѓа, но и натаму е на многу високо ниво.

Агенцијата за труд во април регистрирала 701.000 слободни работни места во Германија, што е за 72.000 помалку од пред една година.

Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина

Ново бебе алпака може да се погледне во скопската Зоолошка градина, информираат денеска оттаму, преку социјалната мрежа „Фејсбук“.

- Нашата алпака Фелиција стана мама по вторпат. Дина, која се роди во 2021 година, деновиве доби сестричка. За малото бебе се грижи целата фамилија на алпаки, пишува во објавата на социјалната мрежа.

Во Зоолошката градина во Скопје, овој месец се роди и двогрба камила од фамилијата Бактријан.

Мицкоски: Дел од економските проекти во Платформа 1198 се предлози од бизнис заедницата

Дел од економските проекти во Платформа 1198 на ВМРО-ДПМНЕ се предлози од бизнис заедницата, ќе ја направиме Македонија просперитетна држава за сите.

Денеска со Стопанската комора Северо - Западна Македонија имавме навистина еден квалитетен состанок.

Состанок на кој што можевме да разговараме за економската програма која што е составен дел на Платформата 1198. Дел од проектите и предлозите кои што ги имаше Стопанската комора се содржани во самата програма Платформа 1198 бидејќи како што кажа претседателот на Комората, ова не е прва состанок, имавме неколку состаноци претходно, и тимови од ВМРО-ДПМНЕ има состаноци со претставници на Комората.

Мислам дека сето она кое што е реално, кое што можеме да го оствариме ние го опфативме во самата предизборна програма и цениме дека тоа во најголема мера ќе биде одговор на реалните потреби на бизнис заедницата.

Секако секој совет од реалниот сектор, секој совет кој што доаѓа од бизнис заедницата кој што се темели на реални искуства за нас е добре дојден. Човек учи додека е жив, не смееме да бидеме луѓе кои што нема да прифаќаат совети и ќе престанат да учат.

Јас сум барем човек кој што сака континуирано да разговара и низ еден дијалог сите заеднички да дојдеме до она што е за нас заедничка цел, а тоа е да имаме држава просперитетна, држава која што вистински ќе биде европска по сите параметри. Држава која што граѓаните ќе остануваат, а не да се селат. И Македонија која што ќе биде држава за сите, подеднакво буквално за сите. И држава во која што ќе можеме сите да бидеме среќни.

Благодарност до Комората, благодарност до претседателот кој што навистина секогаш кога сме имале состанок, состанокот бил во еден конструктивен амбиент, пријателски, амбиент во кој што можеме да извлечеме максимум, а потоа и сето тоа да го примениме.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕЦентар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер