Мицкоски: На Македонија не и треба претседател како Пендаровски измеќар на Али Ахмети

Македонија повторно горда подразбира Македонија повторно твоја, ваша, Македонија која нема да биде ограбена, која нема да биде засрамена, која ќе биде на народот ,а не на неколкумина политички моќници. 

Македонија каде народот ќе го има последниот збор. За жал денес во Македонија според Фридом хаус владее еден цикличен хибриден режим, кој го претставуваат двете владејачки партии ДУИ на Али Ахмети и нивните измеќари СДС, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Свети Николе.

СДС Без идеја, без план, без стратегија, а единствено нешто кое како папагали повторуваат шест и половина години додека ја ограбуваат Македонија е ЕУ, ЕУ, а од ЕУ тоа што го знаат е евробанкнотата која ја земаат и ставаат во џеб како резултат на мито и арач од граѓаните преку наместените тендери, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека кога СДС е на власт секогаш има стратешки грешки и удари врз Македонија, народот и идентитетот како што се транзицијата, менување на знамето, новата територијална поделба на Македонија кога се зададе силен удар врз унитарниот карактер на државата, промената на уставното име, бугарскиот диктат, односно т.н. француски предлог.

- Зоран Заев кажа дека заедно со Ковачевски и Стево Пендаровски го правел тој предлог ова и тука се поставува суштинското прашање дали Стево Пендаровски мисли дека бугарскиот фашистички окупатор или бил администратор? Пендаровски исто така должи објаснување дали онаа изјава дадена на интервју дека Гоце Делчев бил Бугарин, дали мисли така? Суштината е дека секогаш кога има влада на СДС, Македонија стратешки губи. Македонија ги губи своите позиции во однос на своите соседи, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека секогаш кога има влада на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија се гради има повеќе за сите, а кога има влада на СДС, Македонија се ограбува, се понижува и се нанесуваат стратешки удари врз македонскиот идентитет, а за возврат скапо не чини и Македонија се празни.

- Затоа многу е важно пораката на обединување, единство и мобилизација да се рашири насекаде и да излеземе масовно на 24 април да се поддржи професорката Гордана Силјановска Давкова и да ја направиме Македонија повторно горда, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски посочи дека многу е важно масовно да излеземе на 24 април и 8 мај и да не дозволиме повеќе ДУИ и Али Ахмети да ни кажуваат дека ќе владејат по принципот „како до сега“.

- Овие од ДУИ кога им ги објавувам криминалите и кога им велам дека ќе одговараат после 8 мај ми велат дека сум бил анти Албанец. Не сум анти Албанец, јас сум анти криминалците, криминалците немаат етничка припадност. 600.000 наши сограѓани живеат со само 150 денари на ден, а околу 80.000 со само 60 денари, најголема инфлација, најнизок стандард. На дното сме на Балканот,а нели живот носеа, а во суштина себе си си донесоа милиони евра ограбувајќи го народот, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека на овие избори од една страна го имате Стево Пендаровски кој во еден град рече „ако не ме гласате очи не сакам да ви видам, не ви идам во втор круг“, а од друга страна е Гордана Силјановска Давкова која изминативе 4 години во македонскиот парламент покажа како се брани и аргументира македонскиот идентитет.

- На Македонија не и треба претседател измеќар на Али Ахмети, на Македонија и треба достоен претседател како што професорката Гордана Силјановска Давкова. Ве повикувам да го пренесеме гласот на победата, на промените, на горда и твоја Македонија. Да испишеме историја на 24 април со огромна предност за професорката Гордана Силјановска Давкова, а потоа уште пожестоко да излеземе на 8 мај и да донесеме промени, да избереме влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, изјави Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Турското ГП би можело да се врати во календарот на Формула 1 за две години

Турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој изјави дека земјата повторно може да биде домаќин на трка во Формула 1. Според него, тоа ќе се случи во 2026 година.

Последен пат турско Гран при се одржа како дел од Светскиот шампионат во кружни трки во сезоната 2021 година.

- Тендерот за управување на патеката Формула 1 во Истанбул се одржа на почетокот на април и беше успешно завршен. Сега преминавме на втората фаза. Претходниот закупец мора да го ослободи просторот и да го предаде на победникот. По ова, процесот на склучување договор за одржување на Гран при во Истанбул од 2026 година ќе продолжи брзо, изјави Ерсој за „Milliyet“.

Се истакнува дека тендерот за изнајмување и контрола на објектот „Истанбул Парк“, во кој е вклучена и тркачката патека, се одржал на 2 април. Го освои Кан Билим Егитим Курумлар А.С., чиј партнер е шефот на управниот одбор на турскиот огранок на Пирели, Лале Џандер.

Првата етапа во Турција во рамките на Формула 1 се одржа во 2005 година. Во 2021 година се одржа од 8 до 10 октомври. Победи Валтери Ботас со Мерцедес, Макс Верстапен во Ред Бул беше втор, а Серхио Перез трет. /МИА

ОЦХА: Отстранувањето на експлозивните направи во Појасот Газа ќе трае 14 години

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) соопшти дека отстранувањето на бомбите и другите видови неексплодирани смртоносни средства во Појасот Газа може да потрае 14 години.

Според процените на ОН, за време на војната во Појасот Газа настанати се 37,5 милиони тони урнатини, а поголемиот дел од нив е покриен со бомби и други видови муниција кои не експлодирале.

ОЦХА соопшти дека околу два милиони луѓе или половина од населението на Појасот Газа, нашле засолниште во Рафа, но немаат пристапат до основните потреби како што се здравствена заштита, чиста вода и санитарни објекти. /МИА

МП: Дозволена е екстрадицијата на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиството на Вања и Панче

Министерството за правда информира дека е добиено  официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.

Турските власти уште во февруари му ветиле на министерот за правда Кренар Лога дека во брзо време во земјава ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, но иако му бил посочен и рок, тој не сакаше да сподели кога ќе се случи тоа бидејќи се уште траат административните процедури.

Инаку, веќе е завршена судската процедура за Палевски, кој е првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Додека се чека на екстрадицијата на Палевски, од притвор излезе таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, на кого Врховен му ја прифати жалбата, а осомничените за соучесништво Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски остануваат во притвор.

По три месеци поминати во притвор возачот Стефан Димковкси кој го превезуваше Палевски низ Србија Бугарија и Турција, беше пуштен да се брани од слобода и му беа определени мерки на претпазливост.

притисни ентер