Мерките за младите во програмите на политичките партии без конкретни решенија

Мерките за младите во програмите на политичките партии без конкретни решенија како ќе се спроведат.

Земјава се подготвува за парламентарните и вториот круг од претседателските избори кои се закажани за 8 мај, а во центарот на обликувањето на политичката агенда, повеќе или помалку, се најдоа и младите. Образованието, прашањата околу младинскиот стандард и студентските права се дел од изборните програми на повеќето политички партии.

МИА анализираше колку и на кој начин се застапени младите во изборните програми на четирите поголеми коалиции од македонскиот и албанскиот блок - СДСМ и коалицијата, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ и Коалицијата „Вреди“. Во анализата за улогата на младите во политичката агенда, се фокусиравме на ветените заложби за правата на младите, учениците и студентите, но и за реформите во образованието.

Бљенди Ходаи, студент на Филозофскиот факултет, граѓански активист и директор на Форумот за образовни промени и Аника Ралева, студент по политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и дел од Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) во изјава за МИА велат дека мерките за младите се нејасни и нема конкретни решенија како ќе се реализираат.

Посочуваат дека најголем дел од програмите на политичките партии за младите на овие избори се повторување на ветувањата од последните избори, односно се истите „copy-paste“. Тие потенцираат дека најголем дел од мерките се само во декларативна форма.

Што нудат политичките партии во програмите за младите?

„Младински манифест“ на Социјалдемократите

Во „Програмата за европска иднина“ на коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), фокусот кон младите е ставен во последната, седма точка насловена „Младите – столб на општеството“ каде што се наоѓа своевиден „Младински манифест“ на подмладокот на социјалдемократите. Преку манифестот, доколку ја формира новата влада, СДСМ најавува квалитетни работни места на конкурентен пазар на труд, универзален минимален приход и Концепт – Плата за живот.

Коалицијата за европска иднина најавува формирање на Министерство за млади - посебна институција која ќе има сопствен буџет и ќе го стави младинското прашање „на повисоко ниво на сериозност во државата“.

-Воведување на сеопфатно сексуално образование во училиштата, унапредување на младинското учество и носењето политики за системски и целосно да се решат проблемите на младите и да се отвораат нови перспективи за младите луѓе, достапен и пристапен јавен транспорт. Нудиме план за јавно домување на млади до 29 години и Програма со субвенционирани и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години. Самостојно асистирано живеење на лица со попреченост. Еднаква застапеност на жените на одлучувачки позиции. Промовирање на велосипедизмот како средство за транспорт. Нудиме мерки за пристап до квалитетно и инклузивно образование и обука. Квалитетни работни места на конкурентен пазар на труд. Универзален минимален приход и имплементирање Европската детска гаранција, се дел од мерките од изборната програма на СДСМ за младите.

„Европскиот фронт“ најавува „Активни млади и еднакво општество“

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската унија за интеграција (ДУИ) во изборната програма „Европа 2030“ која на македонски е во многу пократка верзија од таа на албански, за младите е предвиден посебен дел „Активни млади и еднакво општество“ каде се наведени заложби за унапредување на младинското учество, политики за забавување на миграцијата, промоција на спортот и спортски ваучери.

-Учество во донесувањето одлуки. Поттикнување на претприемништвото кај младите. Дигитална платформа за млади. Промоција на културната различност и политика за промовирање на спортот. Даночни олеснувања за поддршка на спортот. Развој на уметноста, музиката, театарот, филмот и модерниот дизајн. Вклучување во сите процеси во општеството и при донесувањето на одлуки. Политика за забавување на миграцијата и создавање можности за враќање во татковината/земјата со посебна посветеност на младите, се мерките кои ги нудат од „Европски фронт“ за младите.

ВМРО-ДПМНЕ вели доаѓа „Време на младите“

Исто како Коалицијата на СДСМ, и Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од партијата ВМРО-ДПМНЕ, фокусот на младите го става во последната, шеста точка на својата програма, во делот „Права и слободи“. Тука за младите се предвидени заложби под насловот „Време на младите“.

ВМРО-ДПМНЕ вели дека нуди „визија за создавање на неопходни услови за младите да градат иднина дома, нивно зајакнување преку образование и развој на вештини, поттикнување на младинско учество и промоција на претприемништвото и иновациите“.

Меѓу главните економски мерки на оваа партија и нејзините коалиционери се „загарантирана понуда за работа на 500-те најдобри студенти секоја година“, законски измени за студентите да можат да работат на скратено работно време, создавање правна рамка за трговија со криптовалути, како и воведување на глобални платежни процесори во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ветуваат дека ќе обезбедат пет милиони евра за претприемачки иницијативи на младите како сеопфатна програма за поддршка на младинското вработување.

ВМРО–ДПМНЕ предлага реорганизација на надлежностите на неколку министерства и најавува дека сегментот за млади ќе добие секторско значење и приоритизација во Министерството за социјална политика, демографија и млади, каде ќе се формира и центар за истражување на младински прашања, кој, меѓу другото, ќе има за цел да ја следи импле- ментацијата на оперативните планови што ќе произлезат од Националната стратегија за млади.

Во делот образование се најавуваат модерни студентски и ученички домови, нови категории на стипендии, е-библиотеки на факултетите и кариерни центри за професионално кариерно советување на младите.

„Вреди“ ветува нови гимназии и поголема соработка со Косово и Албанија

За младите граѓани, албанската опозициска коалиција „Вреди“ во својата изборна програма „План 2030 Влен“ најавува поволни кредити за млади парови, како и даночно ослободување за бизнисите предводени од млади.

-Младинска слободна економска зона – во која главен приоритет ќе имаат секторите старт-ап и технолошкиот сектор. Кредит со нула камата за домување за млади парови (со просечна возраст под 35 години). За младите парови ветуваме нула камата за станови. Лицата помлади од 30 години кои отвораат бизнис во Македонија ќе бидат ослободени од деловни даноци за три години и даночни ослободувања за бизнисите на младите. За секое дете до 18 години семејството ќе добива месечен надоместок од 1.000 денари, со можност за продолжување до 25 години за децата кои посетуваат високо образование, стои во програмата на „Вреди“ во секторот за млади.

Меѓу образовните реформи се програми за формални и неформални обуки за дигитални вештини, државен испит за прием во средно гимназиско образование, нови гимназии за технологија и дигитални науки.

„Вреди“ најавува и поголема соработка со Албанија и Косово во повеќе делови од образованието – наставни програми со исти текстови како во овие две земји, формирање на своевиден „Албански Еразмус“ и албански јазик како факултативен предмет во дијаспората. Ветуваат дека во првиот мандат ќе изградат 200 нови спортски терени во заедниците во албанските населби и во вториот мандат уште 200 терени.

Младите ги оценуваат програмите како повторување од претходните избори

Бљенди Ходаи, студент на Филозофскиот факултет, граѓански активист и директор на Форумот за образовни промени во изјава за МИА нагласува дека најголем дел од програмите на политичките партии за младите на овие избори се повторување на ветувањата од последните избори, односно се пишуваат истите „copy-paste“, посочувајќи дека и се само во декларативна форма.

- Од друга страна, најголем дел од мерките што се предлагаат за младите се само во декларативна форма, односно не се објаснети формата и начинот на кој ќе се спроведуваат независно било која партија ќе биде во идната Влада. Сето ова го доведува во прашање пристапот на партиите кон младите, без разлика дали тие ги гледаат само како гласачко тело или како важен дел од населението на кои најпрвин треба да му се обезбедат основни услови за домување, квалитет во образованието и можности за кариера и потоа и обезбедување на позицијата на одлучување во институциите, вели Ходаи.

Аника Ралева, студент по политички науки на Правниот факултет „Јунтинијан Први“ и дел од Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП), за МИА посочува дека мерките се нејасни и не даваат конкретни решенија за тоа како ќе се спороведат. Таа нагласува дека мерките за младите повеќето се исти меѓу партиите и не се унапредени од претходните години.

- Кога ги разгледувам изборните програми, најпрво не можам да најдам конкретно решение за тековните проблеми кои ги засегаат младите. Се пронаоѓаме со огромен број на ветувања, меѓутоа нема ниту еден конкретно елабориран план како ќе се релизираат истите. Згора на тоа, ветени се илјадници нови работни места, меѓутоа многу од истите ќе бараат работно искуство од минимум една година, но бројот на понудени пракси е многу мал. Голем број од младите немаат пристап до работно искуство ниту пак се нудат блиску до илјадници пракси, кои што очигледно се потребни со што им укажува на младите дека можеби и нема да се реализираат. Со тоа и се доведуваме на низок процент на излезеност на младите, вели Ралева.

Според неа, убави се сите тие ветувања, но, потенцира реалноста е поинаква и дека на студентите не им се исполнети основните потреби односно немаат сапун и тоалетна хартија во образовните институции.

- Се среќаваме и со поплаки од студентските домови, стипендии, студентски оброк, бесплатен јавен превоз, меѓугратски превоз итн. Овие се основните ресурси кои еден млад човек треба да и има, а политичките партии треба да ги реализираат на одржлив и долгорочен начин, вели Ралева.

Дневен хороскоп за 19. мај 2024 година

Дневен хороскоп за недела, 19. мај 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ако имало помали недоразбирања меѓу вас и саканата личност , денеска ќе успеете да ги смирите работите.

Кариера

Нека не ве загрижува тоа што одите со мали чекори . И на тој начин се стигнува до голема цел.Продолжете така.

Здравје и совет

Не се расправајте , туку соработувајте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе чувствувате дека среќата е во поврзаноста со луѓето и затоа демеска ќе се покажте како исклучително друштвена личност.

Кариера

Ви се оди некаде , но не можете. Истото ќе важи и за работните задачи што сакате да ги избегнете.

Здравје и совет

Бидете поодговорни.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вашиот љубовен залет ќе продолжи и денеска. Оние кои можеби уште бараат сродна душа , нека излегуваат во друштво.

Кариера

Ќе немате повеќе грижи . Сте почнале добро и продолжувате со исто темпо.

Здравје и совет

Се чувствувате се подобро.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Семејството денеска ќе ве привлекува и ќе ве одбива. Ќе има влијанија што кај вас ќе предизвикуваат фрустрации.

Кариера

Ќе бидете фокусирани на луѓето околу себе со кои уште не сте дефинирале некои работи.

Здравје и совет

Оние кои се движат на работа , ќе уживаат во секој момент.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Многу е веројатно дека ќе се натпреварувате со саканата личност околу надмоќ во врската. Тврдоглавоста нема никого да направи среќен.

Кариера

Малите мудрости ќе бидат вашата добитна комбинација во работата.Не се залетувајте , туку прво промислете.

Здравје и совет

Емотивно незадоволство.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Денот е поволен за секаков вид љубовна комуникација.Доколку сте сами , препуштете им се на чувствата и изразете ги.

Кариера

Оние кои се движат на работа , денеска ќе уживаат во секој момент.Другите ќе имаат потреба за движење и ќе ги засилат контактите.

Здравје и совет

Не анализирајте ги своите заслуги.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои ќе измислат поетски зборови , со кои ќе ја заведуваат личноста што им се допаѓа. Другите ќе ги решаваат малите семејни проблеми.

Кариера

Парите и комуникациите ќе бидат главни обележја на работниот ден. Главно доборо ќе се снаоѓате.

Здравје и совет

Мали проблеми со циркулацијата.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Многумина денеска ќе добијат шанса да ги покажат вистинските чувства.Ќе бидат отворени , искрени и чесни.

Кариера

Немојте да се двоумите ако треба да се впуштите во некаков ризик.Околностите , луѓето и настаните ќе ве поттикнат во тоа.

Здравје и совет

Подобрување во секој поглед.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денеска вашиот личен живот ќе се одвива пријатно.Ќе има мали натпревари со партнерот, но се ќе свртите на шега.

Кариера

Она што ве задржува на работа се подобрите перспективи што можеби не ги очекувавте.Добро е.

Здравје и совет

Може да се опуштите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе верувате дека сте на добар пат , но вашите реакции ќе бидат необмислени .Контролирајте се и се ќе биде добро.

Кариера

Денеска ќе се занимавате со финансиски теми. Ќе бидете задоволни со резултатите, но малку ве загрижува иднината.

Здравје и совет

Не ја трошете одеднаш целата енергија.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно денеска ќе се покажете како исклучително чувствителна и привлечна личност.Едноставно ќе блескате.

Кариера

Се што ќе работите денеска ќе има јасна порака дека вашето влијание е неопходно. Со задоволство ќе бидете прифатени од колегите.

Здравје и совет

Дотерајте се и излезете некаде.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска ќе поработите на развојот на еротската страна на врската. Ќе настојувате што побргу саканата личност да ја однесете во кревет.

Кариера

Ви претстои договор во врска со вложување или состанок со спонзори.Ќе биде малку тензично.Обидете се да бидете појасни.

Здравје и совет

Многу работи ќе ви изгледаат здодевни.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

притисни ентер