Македонија гласа на вториот круг од претседателските избори и на парламентарни избори

Гласачките места се отвораат во точно седум часот, и ќе се гласа до 19 часот.

Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица а за парламентарните 1 815 350 лица или 1033 избирачи повеќе, поради лицата кои помегу двата изборни круга станале полнолетни, и имаат право да гласаат само за новиот парламентарен состав.. Вчера гласаа затворениците, болните и изнемоштени лица, како и 2569 лица од дијаспората но само за претседател, но не и за пратеници, поради недоволен број на пријавени..

На едно избирачко место во општина карпош е нашиот репортер Игор Манасиевски.. Игор дали навреме почна гласањето ?

Во живо

последно ажурирање пред 5 минути

Инцидент при слетувањето на хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси

По веста објавена од Иранската државна телевизија дека хеликоптерот, со кој патувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“ на терен се упатени 16 спасувачки тимови и беспилотни летала.

пред 5 минути19:35

Ирак и Азербејџан му понудија помош на Иран

Ирак му понуди помош на Иран во пребарувањето на хеликоптерот со кој се превезуваа иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдулахиан.

Владата на Ирак им даде инструкции на Министерството за внатрешни работи, Црвената полумесечина и другите релевантни органи да помогнат во потрагата во иранската провинција Источен Азербејџан.

И претседателот на Азербејџан Илхам Алиев му понуди помош на Иран во пребарување на теренот.

Алиев истакна дека се моли за Раиси и оти е длабоко шокиран од веста за хеликоптерската несреќа, по нивната денешна средба.

Во меѓувреме, иранските медиуми објавија дека исчезнале тројца спасувачи кои трагаа по урнатиот хеликоптер.

Додека Иранската државна телевизија јави дека сè уште не е лоциран хеликоптерот, а во областа паѓа ноќ. Воздушната потрага е прекината поради лошите временски услови, а сите спасувачки операции во моментов се изведуваат од земја.

пред еден час18:27

ИРНА: Сè уште се трага по хеликоптерот

Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси беше принуден да изврши „тврдо слетување“ во планинскиот регион во северозападниот дел на Иран.

Инцидентот се случи денеска во шумата Дизмар помеѓу градовите Варзакан и Џолфа во иранската провинција Источен Азербејџан. Раиси се враќаше од Азербејџан, каде присуствуваше на отворање на брана со азербејџанскиот Илхам Алиев.

Неименуван ирански претставник за западните медиуми изјави дека хеликоптерот со кој се превезуваа иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдулахиан се урна додека летал над планинска област во иранската провинција Источен Азербејџан, изјави.

Тој истакна дека „животите на Раиси и Амирабдолахиан „се загрозени по хеликоптерската несреќа“.

- Сè уште се надеваме, но информациите кои ни доаѓаат од местото на несреќата се многу загрижувачки, наведе неименуваниот ирански претставник.

Како што јави ИРНА, повеќе од дваесет целосно опремени тимови за пребарување и спасување, вклучително беспилотни летала и кучиња трагачи, се испратени во областа. Иранските вооружени сили распоредија командоси и специјални сили за да помогнат во операцијата за пребарување.

Поради нерамниот терен на регионот и тешките временски услови, особено густата магла во областа, операцијата за пребарување и спасување би можела да потрае некое време.

Портпаролот на Иранската служба за итни случаи изјави дека осум амбулантни возила се испратени во регионот.

пред 5 минути17:20

Иранска новинска агенција (ИРНА) на англиски јазик објави дека се случила несреќа односно хеликоптерот се урнал. Иранската државна телевизија, како и ИРНА не јавија дали Раиси или други лица се повредени.

Претходно иранската новинската агенција Мехр објави дека операцијата за пребарување и спасување ќе потрае извесно време поради непроодноста на теренот, планинските и шумските услови, како и неповолните временски услови, особено густата магла.

Дел од иранските медиуми објавија дека некои од придружниците на претседателот во хеликоптерот успеале да стапат во контакт со централните власти, истакнувајќи оти тоа надеж дека нема жртви во инцидентот.

Конвојот на претседателот се состоеше од три хеликоптери. Во другите две летала се превезувале други ирански функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан и гувернерот на иранската провинција Источен Азербејџан.

Раиси патувал во Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

Раиси на претседателската функција стапи во август 2021 година.

На социјалните мрежи се појави и видео од насобрани луѓе кои се молат за здравјето на Раиси.

Ново детско катче и простор за одмор на ул. "Ѓорѓи Димитров"

Прекрасниот неделен сончев ден го искористија децата кои живеат во непосредна близина на улицата ,,Ѓорѓи Димитров”. 

Во голем број излегоа да уживаат на новото детско катче и новиот терен за мал фудбал. Просторот е надополнет со урбана опрема и зеленило, така што претставува нова локација за одмор и дружење и за повозрасните.

-Се работи за ново детско катче, нова урбана опрема, клупи, нова подлога и игралиште за мал фудбал со вештачка трева на улица ,,Ѓорѓи Димитров”. Најмладите наши жители, за нивната детска игра непречено да тече, добиваат ново детско катче и терен за фудбал, а повозрасните генерации ќе можат да уживаат во зеленилото и урбаната опрема која ја нуди ова место.Сето ова, хортикултурно уредено за да естетски изгледа уште поубаво овој парк. Мојот народ од овој дел на Кисела Вода добива реконструирано катче каде ќе можат да се сретнат, да одморат, да се рекреираат или едноставно да уживаат на отворено. Промените се случуваат и продолжуваат секој ден, нема запирање-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Мундо Депортиво: Во понеделник ќе се решава судбината на Чави во Барселона

Раководството на Барселона утре ќе одлучи за иднината на тренерот на тимот Чави, пишува Мундо Депортиво.

Според шпанскиот спортски весник, 44-годишниот фудбалски стручњак ќе се сретне со претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта. Се наведува дека средбата може да има каков било исход.

Чави во јануари најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот од актуелната сезона. Во април тој објави дека се премислил и ќе продолжи да работи во клубот.

Подоцна, се појави информација дека Барселона не е задоволна од јавните коментари на Чави за финансиските проблеми на клубот.

По 36 одиграни кола, Барселона (79 бодови) е на второто место во шпанската Ла Лига. /МИА

притисни ентер