Македонија 4 години во НАТО

И денеска продолжуваат настаните поврзани со одбележувањето на четиригодишнината од членството на Македонија во НАТО. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Позната манекенка цели 12 години глумела дека слуша- сега признава дека била глува (ФОТО)

Џорџија Мејчам, модел од страниците на магазинот „Вог“, откри дека е глува - по 12 години глумење дека слуша.

30-годишната манекенка е родена „делумно“ глува, а на 17 месеци почнала да носи слушни помагала на двете уши, пишува The Sun.

Таа вели дека целиот живот го поминала срамејќи се од својот инвалидитет. На 18 години потпишала договор за манекенка, а глувоста ја криела речиси цела деценија. Таа тоа вешто го криела дури и додека глумела во големи холивудски блокбастери.

Сега Џорџина сака да ја обнови својата кариера како пример за глувите луѓе. „Криењето на мојата попреченост беше многу тешко, ме истроши - но едвај чекам да почнам од почеток“, рече таа. „Луѓето ме гледаат и мислат дека сум „висока русокоса која нема никакви потешкотии“ - но сакам да им покажам на луѓето дека хендикепот нема изглед.

Глувоста на Џорџија била прифатена кога била дете. Била толку самоуверена што секој ден носела розова боја за да ги истакне своите слушни помагала. Таа морала да ја носи косата во реп и тоа ѝ помогнало со самодовербата.

„Никогаш не ме гледаа со презир затоа што сум глува“, рече таа.

Но, кога отишла на колеџ, кај Џорџина се појавила чувство на срам поради нејзините слушни помагала. „Мразев да спомнувам дека сум глува“, рече таа. „Не знаев како да разговарам со луѓето за тоа.

Агенција за моделирање ја открила како бруцошка и првиот договор го потпишала на 18 години. Нејзината кариера ја однесе на патувања низ светот и да работи за брендови како Стела Макартни, Карен Милен и Тед Бејкер. Таа глумела во музички спотови на многу изведувачи, како што е One Direction. За цело време читала од усните на фотографите и режисерите - често погодувајќи што зборуваат, криејќи ја својата попреченост.

"Манекенството беше ново поглавје во мојот живот. Мислев дека ќе бидам попозната ако ги кријам моите слушни помагала", вели таа. „На снимањето ги криев тајно во мојата чанта – ги мразев“, рекла таа. „Целосно негирав дека сум глува, морав да погодам што зборуваат луѓето.

Пет години подоцна, таа почнала да се појавува на аудиции за филмови. Оттогаш глумела во многу филмови, вклучувајќи ги „Бебето на Бриџит Џонс“ и „Жена чуда: 1984“ - но вели дека цело време ги читала упатствата на режисерот.

Долгите денови, бараните распореди и постојаното погодување што ѝ зборуваат луѓето ја оставиле Џорџи со „замор од глувост“ - и таа одлучила дека не може повеќе да издржи. „Тоа беше неверојатно ментално исцрпувачко читање од усни цело време. Глувите луѓе веќе страдаат од нешто што се нарекува „замор од глувост“ - затоа што ни треба повеќе мозочна моќ за да слушаме што зборуваат луѓето“, објаснила таа. „Пропаднав уште повеќе, криејќи ја таа тајна.

Џорџија им дава заслуга на глувите познати личности како Роуз Ајлинг-Елис и Таша Гури за „будењето“. Гледајќи ги во сериите „Strictly Come Dancing“ и „Love Island“ ја натерало да посака повторно да ја прифати својата глувост. Таа започнала со терапија во јуни 2023 година и го резервира својот прв час по знаковен јазик овој месец.

Манекенката не е јавно фотографирана откако решила да објави дека е глува - но со нетрпение чека конечно да ги прифати слушните помагала.

„Решена сум да зборувам за застапеноста на глувите во оваа индустрија“, рече таа, а потоа додаде дека на глувите лица треба да им се посвети поголемо внимание за време на снимањето и дека би било одлично доколку имаат човек да им помогне. „Генерално, треба да посветиме повеќе внимание на скриените тешкотии“, заклучила таа.

Лос Анџелес испушти 54.000 литри вода од канализација во океанот, забрането е капењето

Повеќе од 54.500 литри необработена отпадна вода се излеа во Тихиот Океан, што ги натера локалните здравствени власти во Лос Анџелес да ги предупредат жителите да не пливаат во водата на плажата Доквејлер, плажата Венис и околината.

- Не се знае кога ќе биде укината забраната, но луѓето треба да ја избегнуваат водата и влажниот песок, од реката Балона до 1,5 километар северно од плажата Венис и 1,5 километар јужно од Доквајлер - објави Секретаријатот за јавно здравје на областа Лос Анџелес, објавија локалните медиуми.

Излевањето на канализацијата започнало во средата и завршило околу пладне во четвртокот, додадоа властите.

Засега нема информации за тоа како штетните материи влегле во океанот, пишува Лос Анџелес Тајмс.

Здравствените власти вчера започнале со тестирање на водата, а забраната ќе остане во сила додека два теста не покажат дека нивото на бактерии ги исполнува безбедните здравствени стандарди.

Орбан и Си потпишаа бројни договори- од брза пруга до фабрика за електрични автомобили

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја заврши својата петдневна европска турнеја во Будимпешта (ги посети и Париз и Белград) со разговори со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унгарија е најголемиот пријател на Кина во ЕУ и меѓу членките на НАТО, толку многу што кинеските инвестиции се водечки во таа земја. Тоа е повеќе од десет милијарди евра, што е најмногу од сите. Со оглед на тоа што Орбан е еден од најголемите „натрапници“ во ЕУ, е во постојан конфликт со политиката на Брисел и е голем поддржувач на Владимир Путин, не без причина се вели дека тие играат улога на тројански коњ, а двоен: кинеско-руски. Унгарија е важна за Кина токму поради нејзиниот статус како членка на ЕУ затоа што сака таа да биде полигон или порта за пробивање на европскиот пазар, со обид да се изврши политичко, а не само економско влијание.

Во својот „ексклузивен“ текст за унгарските медиуми, Си Џинпинг ја пофали „независната надворешна политика на Унгарија“ и посочи дека таа „пркоси на политиката на големите сили“, а се сомневаме дека мислел на Кина, но пред сѐ на САД. За време на средбата Орбан одговори дека „Пекинг е еден од столбовите на новиот светски поредок“ и најави „почеток на златното доба“ во меѓусебните односи.

„Фајненшл тајмс“ забележува дека мотивот на кинеската политика е да ги убеди европските земји да се дистанцираат од политиката на САД, кои постојано сакаат да го попречат позиционирањето и развојот на Кина. Додуша, да додадеме, тоа ќе се случи ако на власт во САД повторно дојде Доналд Трамп, кој и онака ја смета Кина за „клучен непријател“, а Орбан отворено се залага за негово враќање во Белата куќа?

Но, додека не дојде тоа време, Орбан ја пофали соработката со Кина, отвори дополнителни инвестициски канали за неа, најави дополнителни даночни и царински поволности и полесна експропријација на земјиштето и градежните дозволи. Тој најави и проширување на „нуклеарната индустрија“ и го поддржа општиот и не многу транспарентен кинески мировен план за Украина.

Иако ЕУ сака да го забави, за да ја заштити сопствената автомобилска индустрија, навлегувањето на кинеските автомобили, особено на електричните, на локалниот пазар, Унгарија, и покрај негодувањето во Брисел, ги отвори вратите за производство на кинески BYD електрични автомобили. Сега е постигнат договор уште еден голем кинески автомобилски гигант Great Wall Motor (GWM Group) да го отвори своето производство, а во Дебрецен се гради една од најголемите фабрики за производство на литиум-јонски батерии за електрични автомобили.

Ова ќе ја направи Унгарија вториот светски производител на батерии за автомобили, по Кина и пред САД. Според Би-Би-Си, во Унгарија има вкупно 36 такви фабрики, кои веќе работат, се градат или се планира да се изградат. Унгарија е поволен партнер бидејќи не поставува прашања за еколошките стандарди, а горе-долу нема никакви медиумски дискусии за такви кинески инвестиции. Но, има еден интересен „кеч“ - Будимпешта е најригидниот противник на мигрантите, а сега на толку фабрики им е потребна работна сила, па постои страв дека Унгарија ќе мора да увезе многу работници, и тоа евтини. Ова е проблем кој очигледно го чека Орбан зад аголот, иако сè се одвива под државно-партиско-медиумска контрола.

Колку Унгарија стана важна за Кина говори податокот дека ќе бидат воспоставени дури 17 летови неделно меѓу Будимпешта и неколку кинески градови, а за возврат Кинезите ќе изградат брза пруга што ќе го поврзува аеродромот во Будимпешта со градот. Покрај тоа, Кина сака да изгради брза пруга меѓу грчкото пристаниште Пиреја, кое целосно го контролираат и кое е нивно „домско“ пристаниште во Европа, преку Македонија (по смената на власта во Скопје сега ќе биде полесно да се направи) и Србија до Будимпешта, со тенденција да оди понатаму.

Неколкуте демонстранти беа држени подалеку од Си, особено еден облечен во костим на Вини Пу. Имено, кинескиот лидер е испровоциран од неговите ривали кои тврдат дека личи на тој цртан лик, што неописливо го иритира Си.

Но, проблемот е што ЕУ рече дека оваа насока не им е приоритет, но Кина секако има средства да го направи тоа и покрај незадоволството на Брисел. Некои унгарски независни аналитичари стравуваат дека поради ваквата кинеска инвестиција и кредитирање, Унгарија би можела да се најде во должничко ропство, а поради што Грција „остана“ без пристаништето Пиреја.

притисни ентер