Костадиновска-Стојчевска: Одговорни сме во заштитата на Охридскиот Регион

Општина Охрид да одговори за градбата на хотелот во туристичкиот локалитет „Горица“.

На иницијатива на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска се одржа седница на Националната комисја на УНЕСКО, на која беше разгледана актуелната состојба со изградба на хотелски комплекс на туристичкиот локалитет „Горица“.

Членовите на Комисијата донесоа заклучоци со барања до Општина Охрид, како надлежен орган, за доставување на целокупната документација околу изградба на пртедметната локација.

Министерката Косдадиновска-Стојчевска рече дека со оглед на надлежноста и одговорноста што Комисијата ги има, ова тело не смее да остави простор за изигрување на постојаната законска регулатива, поврзана со заштитата на светското природно и културно наследство.

Затоа, Националната комија на УНЕСКО побара од Општина Охрид да ја достави целокупната документација поврзана со предметната парцела: урбанистичка документација за предметната градежна парцела (извод од план или урбанистичката документација врз основа на која е планирана оваа градба и со која е оформена градежната парцела), договор и анекси на договорот за отуѓување на градежно земјиште со електоронско јавно наддавање за градежната парцела, одобрение за градење на градбата од градежната парцела, проектна документација за градбата од градежната парцела врз основа на која е издадено одобрението за градење, известување за почеток на градба, дозвола за сеча на шуми согласно закон и сите други документи поврзани со предметната градежна парцела, а биле потребни за реализација на градбата од градежната працела.

Со оглед на тоа што претставниците на надлежните институции, членки на Националната комисија се изјаснија дека немаат никаква документација поврзана со предметот, беше донесен заклучок од Општина Охрид, чиј претставник не присуствуваше на седницата, да биде побарана целокупната документација која датира од 2011 година наваму.

Во воведот на седницата, Костадиновска-Стојчевска посочи дека до надлежните институции од културата не е доставено барање за изработка на планска документација. Исто така за предметната локација не е доставено никакво барање до НУ Завод и Музеј - Охрид и не се изготвени заштитно конзерваторски основи (ЗКО).

Проект за изградба на предметната локација не е доставен до надлежните институции од културата бидејќи во тој период не беше донесен План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. По донесување на План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион не е доставен проектот ниту до Комисијата за управување со природно и културно наследство на Охридскиот Регион ниту до НУ Завод и Музеј - Охрид.

По добивање на потребната документација и информациите од Општина Охрид, Националната комисија на УНЕСКО ќе се произнесе со свои заклучоци и препораки во однос на изградба на хотелски комплекс на „Горица“.

Инфантино најави голема промена во користењето на ВАР системот

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја објави големата вест во врска со употребата на ВАР на конгресот на светската фудбалска федерација во Бангкок. 

Тој изјави дека сега тренерите ќе имаат право да бараат проверка со ВАР системот два пати по натпревар.

-Ќе го развиваме и подобруваме ВАР. Овој систем го користат 65 национални асоцијации, но сега ќе го подобриме. Создадовме поосновна технологија со помалку камери и без судии да одлучуваат, така што е достапен за сите и полесен за имплементација Овој систем веќе се тестира, започна Инфантино.

Тоа ќе функционира така што тренерот на секој тим има право да бара помош од ВАР двапати по натпревар. Ако првобитната одлука на судијата се смени по таквата барана ревизија, тимот што бара преглед сè уште има право на два прегледи.

-Доколку по ваквата барана проверка, ВАР ја потврди одлуката на судијата на теренот, тогаш тимот што го побарал го губи правото на проверка на негово барање, изјави Инфантино. /МИА

Тухел: Не се договоривме со Баерн, ова е мојата последна прес-конференција овде

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел денеска и официјално соопшти дека нема да остане на кормилото на баварците.

Во последните неколку дена имаше информации дека тој би можел да продолжи да го води тимот, иако веќе во февруари клубот објави дека двете страни ќе се разделат на крајот од сезоната.

„Ова е мојата последна прес-конференција на Зебенер Штрасе (клупската база на Баерн). Водевме разговори, но не постигнавме договор, така што одлуката од февруари останува на сила. Очигледно е тешко. Резултатите како оние во Лигата на шампионите против Лацио, Арсенал и Реал Мадрид не сплотуваат. Повратните информации од последните недели беа основа за да имаме дискусија. Но, не можевме да постигнеме договор. Причините нема да ги именувам. Договорот од февруари останува на сила, објасни Тухел

Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел

На Украина и треба повеќе оружје со долг дострел за да се бори против руското напредување во регионот Харков, каде ситуацијата на бојното поле е „многу драматична“, изјави денеска шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок.

На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Советот на Европа во Стразбур, таа потенцира дека е важно да се прекинат руските патишта за снабдување и да ѝ се даде на Украина оружје „што може да се користи на средни и долги растојанија“.

Таа наведе дека Берлин соработува со своите партнери по ова прашање и дека ситуацијата на фронтот е „исклучително тешка“.

притисни ентер