,,Одлучни сме да продолжиме да создадеме посолидарно, еднакво и посигурно општество за младите. Нудиме: Европска детска гаранција, за 35 илјади млади учество во програмата Гаранција за млади, зголемување на износот на младинскиот додаток од 3.000 на 5.000 денари месечно, наброи Костадиновска-Стојчевска дел од мерките за млади кои СДСМ ги воведува во следниот мандат.
Таа нагласи дека младите остануваат во фокусот на социјалните политики, а доказ за тоа е планот за домување за млади до 29 години и за првпат воведувањето на софтвер за младинска работа.
Во продолжение интегрален текст од изјавата на Костадиновска-Стојчевска:
,,Одлучни сме да продолжиме да создадеме посолидарно, еднакво и посигурно општество за младите. Нудиме: Европска детска гаранција! За 35 илјади млади учество во програмата Гаранција за млади! Зголемување на износот на младинскиот додаток од 3.000 на 5.000 денари месечно. Достапно, пристапно и квалитетно образование. Студенски ваучери за сместување. Младинско учество во сите области! План за домување за млади до 29 години. Младински центри во секоја општина! И за првпат воведуваме софтвер за младинска работа. Младите се нашата иднина и затоа ги направивме рамноправни во одлучувањето. А во следниот формираме институционален партнер на младите, Министерство за млади. Младите остануваат во нашиот фокус. Спроведуваме младински наставни програми на Европската Унија кои поттикнуваат финансиска независност, креативност и иновативност. Имаме реален план за побрзо да им ја донесеме Европа дома. Младите заслужуваат европска иднина и европски плати во нашата држава. Младите заслужуваат да бидат жители на Европа. Наша обврска е да им обезбедиме иднина каква што сакаат и заслужуваат. Нема откажување од иднината.”