Коњ е снимен на покрив на поплавена куќа во Бразил: Ќе се обидеме да го спасиме (ВИДЕО)

Во бразилската држава Рио Гранде до Сул најмалку сто луѓе загинаа поради поплави и лизгање на земјиштето што се случија по обилните дождови.

Повеќе од стотина се сметаат за исчезнати, а околу 160.000 луѓе морале да ги напуштат своите домови, пишува Би-би-си. Вчера беа објавени снимки од коњ кој што се качил на покривот на поплавена куќа во градот Каноас. Градоначалникот за GloboNews изјавил дека се надеваат дека ќе го спасат со помош на хеликоптер.

Бурите во Бразил предизвикаа поплави кои уништија мостови и згради и ги претворија улиците во реки. На аеродромот во главниот град Порто Алегре, пистите се целосно поплавени и нема да бидат употребливи најмалку 30 дена. Поплавен е и фудбалскиот стадион Арена до Гремио.

Две лица загинаа во напад со нож во основно училиште во Кина

Две лица загинаа, а 10 се ранети во напад со нож во основно училиште во јужна Кина, соопшти полицијата.

Не е соопштено дали меѓу жртвите има и деца.

Нападот се случил во училиште во градот Гуиси, во провинцијата Џиангси, јави Би-Би-Си.

Полицијата соопшти дека нападот со кујнски нож го извршила 45-годишна жена.

Си Џинпинг упати сочувство до Иран: Кина загуби добар пријател

Кинескиот претседател Си Џинпинг упати сочувство до Иран, изразувајќи жалост за смртта на Ебрахим Раиси и Амир Абдолахиан, соопшти Министерството за надворешни работи на Пекинг.

Си рече дека Раиси во голема мерка придонел за мирот и стабилноста во Иран и одиграл важна улога во консолидирањето на кинеско-иранското стратешко партнерство, соопшти Министерството.

„Неговата несреќна смрт е голема загуба за иранскиот народ, а Кина загуби добар пријател. Кинеската влада и кинескиот народ го негуваат пријателството меѓу Кина и Иран. Кина ќе продолжи да го продлабочува и развива ова партнерство. Кина покажа голема загриженост поради овој инцидент и вети дека ќе го поддржи Иран на кој било начин“, се додава во соопштението.

Еко-свест испрати писмо со предлози до новата Влада за заштита на животната средина

Еко-свест, како што наведуваат, го дава својот приднес кон програмата на новата Влада и ги образложува мерките за секоја од компонентите за заштита и унапредување на животната средина.

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје денеска испрати писмо со предлози за новата влада, кои како што велат, ќе придонесат кон видно подобрување на квалитетот на живот и благосостојба на луѓето и мора да станат главен приоритет за новата Влада.

- Здравата и чиста животна средина, која е уставно загарантирано право на секој граѓанин на Македонија, зачувувањето на природата и подобрувањето на еколошките стандарди, како и амбициозните мерки за климатска акција кои ќе придонесат кон видно подобрување на квалитетот на живот и благосостојба на луѓето мора да станат главен приоритет за новата Влада, се вели во соопштението.

Еко-свест, како што наведуваат, го дава својот приднес кон програмата на новата Влада и ги образложува мерките за секоја од компонентите за заштита и унапредување на животната средина.

Како приоритети ги наведува важноста за преземање мерки и активности насочени кон декарбонизација и климатска акција, обезбедување на „паметна“ енергија за сите, расчистување на историските жешки точки, подобрување на квалитетот на воздух, обезбедување на соодветна заштита за природата и водите и реализација на проектите кои ќе овозможат развој на циркуларната економија во земјата.

Според нив, граѓаните во последната деценија станаа видно загрижени за состојбите со животната средина бидејќи тие влијаат врз нивното здравје. Потребно е во новата Влада, како што нагласуваат, фокусот да се стави на заштитата на човекото здравје преку заштита и унапредување на животната средина, како и зголемување на стандардите кои ќе придонесат кон превенција на загадувањето на природата.

- Секоја политика и одлука која влијае врз животната средина, е политика која влијае на нашето здравје. Носењето одлуки во интерес на заштитата на здравјето на граѓаните на Македонија треба да е врвен приоритет на новата Влада која ќе се формира по Парламентарните избори 2024 година, се вели во писмената изјава на Ана Чоловиќ Лешоска, извршна директорка на Еко-свест.

Од Здружението Еко-свест додаваат дека со своите стручни познавања стекнати во текот на 22 години работа на полето на заштита на животната средина и климатска акција се отворени за дискусија и помош во имплементација на најдобрите политики и мерки во овие области.

притисни ентер