Ќе се решат ли конечно проблемите на околу 400 лекари специјализанти?

Решение на проблемите на преку 400 лекари специјализанти или празни предизборни ветувања? Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Се огласи човекот, чие шише го погоди Ѓоковиќ: Мислат дека ова го направив намерно (ВИДЕО)

По големиот инцидент кој се случи по натпреварот од второто коло на Мастерсот во Рим, а кој Новак Ѓоковиќ го реши во своја полза, се огласи човекот кој беше актер на целата ситуација.

Во прашање е извесен Марио Фери Фалко, инфлуенсер кој се огласи на социјалната мрежа Инстаграм објавувајќи видео на кое прво се извинува за сѐ што се случи.

-Сакам да се извинам за тоа што се случи на турнирот во Рим откако Ѓоковиќ го заврши својот меч. Моето шише со вода се лизна и падна врз главата на Ѓоковиќ. Многумина мислат дека тоа го направивме намерно, но шишето само се лизна - рече тој, па додаде:

- За жал, вакви работи се случуваат. Се надевам дека не е повреден. И јас му се извинив. Сакав да им кажам на оние кои ме навредуваат, дека тоа не го направив намерно, туку случајно.

За среќа, со Ноле сѐ е во ред, па дури поминал без конци на главата и го одработил тренингот пред мечот со Алехандро Табила.

ВМРО-ДПМНЕ ја одржа првата средба со ВЛЕН

Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. 

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски, од страна не ВЛЕН беа присутни Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.

Договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прв Меѓународен конгрес на студенти од техничките факултети

Во Скопје се одржува прв Меѓународен конгрес на студенти од техничките факултети. Целта е преку размена на искуства овие студенти да напредуваат во кариерата, но се дискутираше и за појавата на вештачката интелигенција и нејзиното влијание.

Техничките професии се едни од најценетите во светски рамки. Кадарот од електро-техничкиот сектор е еден од најбараните во индустријата, каде забрзано се користат иновативни решенија.

Студентите од техничките факултети велат дека поседуваат квалитет за нашите компании. Тие веруваат дека земјава ќе го искористи нивниот потенцијал. Во спротивно, заминување во странство не е исклучено како опција

Преку вмрежување, до подобри знаења и усовршување во кариерата што следи. Тоа е главната цел на годишениот прв меѓународен конгрес на студенти од техничките факултети кој се одржува во Македонија.

Студентите од земјава се почесто пројавуваат интерес за сопствен бизнис, од кој, како што велат, бенефит ќе има и самата држава.

Преку креирање на мерки, земјава мора да најде начин како квалитетните студенти од техничките факултети ќе ги задржи тука, со цел да се сопре одливот на мозоци од државава.

Вештачката интелегенција е една од темите на годишениот конгрес, и студентите велат – таа нема да не уништи како човештво, туку значително ќе ни го олесни животот.

На конгресот, кој завршува утре, студентите од земјава и регионот ќе имаат можност да проследат покрај предавања на актуелни теми од сите области на електротехниката и информациските технологии, и теми поврзани со длабоко учење, невронски мрежи и хибридни комуникациски системи.

притисни ентер