ЕП започна кампања за поттикнување на излезноста на Евроизборите

 Европскиот парламент од денеска започнува кампања за поттикнување на граѓаните на ЕУ да учествуваат на Евроизборите закажани за од 6 до 9 јуни годинава, чија примарна цел е да се зголеми одѕивот на гласачите. 

Идејата на кампањата е да се пренесе пораката: „Користете го вашиот глас, не дозволувајте толку лесно да ви биде одземена демократијата. Таа е дадена, вие треба да ја браните“.

Почнувајќи од првите директни избори за европратеници во 1979 година кога одѕивот беше 61,99 отсто, тој беше во опаѓање на секое следно гласање, паѓајќи под 50 проценти на сите избори по 1999 година, за да ја достигне најмалата излезност од 42,61 отсто во 2014 година. На последните избори за членови на Европарламентот во 2019 година, во сенка Брегзитот, одѕивот беше 50,62 проценти.

Во фокусот на кампањата се ставени историјата на демократијата во Европа, руската инвазија врз Украина и антидемократските трендови на континентот, со потсетување на искуствата на Европејците со диктатурте и војните, Холокаустот, Прашката пролет од 1968 година, падот на Берлинскиот ѕид, па се до и достигнувањата на европскиот мир.

- Демократијата е во опасност. Искористете го вашиот глас или другите ќе одлучат наместо вас, повикува Европарламентот.

За спроведување на оваа кампања Европскиот парламент издвои буџет од 37 милиони евра, што претставува 0,08 евра по глава на граѓанин на ЕУ со право на глас на Евроизборите.

Својата последна предвидена пленарна седница во сегашниот состав Европскиот парламент ја одржа минатата недела. /МИА

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и „ВРЕДИ“ ја усогласуваат програмата на идната Влада

По лидерската средба викендов во седиштето на ВРЕДИ, пред околу еден час партиските групи ги почнаа преговорите, за владината коалиција.. 

Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ Твоја Македонија самостојно во Парламентот консолидира 61 пратеник, изјави денеска лидерот на партијата, Христијан Мицковски...Тој е оптимист дека по преговорите со коалиционите партнери ќе стигнат до две третини во Собранието, што ќе биде потребно за да се донесат законски измени за, како што рече, добро на граѓаните на Македонија.

Во однос на шпекулациите дека од ВРЕДИ бараат претседател на Собранието да биде од нивната коалиција, Мицкоски рече дека разговорите се водат во вистинска насока, коалицијата со Вреди очекува партнерски однос, без меѓусебни понижувања.

Денеска се одржа и првата средба за формирање на новата влада, помеѓу работните групи на ВМРО ДПМНЕ и ВРЕДИ,

Азир Алиу од Алијанса на Албанците пред почетокот на средбата рече дека поконкретни разговори на кои ќе биде начната и темата за кадровски решенија, најверојатно ќе се отворат на наредниот состанок

На средбата беше истакнато дека потребно е да се задржат програмските определби кои добија поддршка од граѓаните, соопштија од вмро-дпмне по сребата.. При таквото раководење на идниот владин состав да се запазат договорените принципи на делување, силно динамизирање на ЕУ интеграции, бескрупулозна борба против корупцијата и криминалот и економски реформи за повисок животен стандард, велат од вмро-дпмне додавајќи дека договорено било разговорите во позитивен дух да продолжат и во наредниот период.

Израелците во гранатирање убиле петмина свои војници во Газа

Петмина израелски војници загинаа во Џабалија во северниот дел на Газа кога по грешка вчера биле погодени од израелски тенк.

Да потсетиме, десетици илјади цивили ја напуштија Џабалија од саботата, кога израелските одбранбени сили (ИДФ) започнаа воздушна операција, јавува Би-Би-Си. Војниците повторно влегоа во Џабалија во понеделникот.

Околу половина од жителите на Газа се засолниле во градот Рафа на југ, а борбите во областа се интензивираа во последните денови.

Израелските медиуми јавија дека ИДФ вели дека истражува зошто нивните војници биле погодени од тенковски оган.

Според првите информации, војниците заземале зграда во бегалскиот камп Џабалија, на десетици метри оддалеченост од израелските тенкови стационирани во областа.

Тенковите идентификувале оружје во зградата и испукале две гранати.

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судски совет и Совет на јавни обвинители

Главен предизвик ќе бидат реформите во Судски совет и Советот за јавни обвинители. 

Наша цел е да ги распуштиме овие кои довербата во правниот систем ја сведоа на едноцифрена бројка проценти, и наместо нив самите судии и обвинители да си ги изберат своите претставници преку тајно гласање, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото обраќање на Самитот Македонија 2025.

Мицкоски потенцираше дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера ниту да поставува и предлага свои луѓе преку измени во законот, нити има намера да се мешаме, во овие две тела.

- Исто така наша обврска ќе биде да обезбедиме независен буџет, врзан со проценти од централниот за да бидат целосно автономни, за да не бидат потоа политичарите изговор на некој од тие корумпирани поединци во судство и обвинителство дека тие им правеле притисок. Сами да се изберат и сами да функционираат, а ние ќе правиме оверсајт на таа работа преку собраниска комисија во која ќе има претставници и на власта и на опозицијата, истакна Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека целта е комплетна автономија во правниот систем.

Но ако забележиме било какво влијание од поранешни политички елити или други точки на влијание ќе има сериозна кривична одговорност. Немаме намера ниту милиметар да отстапиме, изјави Мицкоски.

притисни ентер