Дел од јавноста има дилеми за „Синовак“, лекарите уверуваат дека е ефикасна

Пристигнаа 30 илјади дози од вакцините на „Синовак“ во Македонија.

Ова се првите дози од овој производител што пристигнаа за имунизација на населението. Вакцините се донација од Турција кои пред пет дена претседателот на Турција на средбата со министерот за здравство Филипче и премеирот Заев им вети дека во кус рок ќе ги испроча во Македонија. Министерот Филипче на својот фејсбук профил изрази благодарност за експресната испорака. „Синовак“ вакцините создадоа силни дебати колку оваа вакцина помага и штити од ковид 19? Невролозите кои најчесто ги гледаат компликациите од вирусот кај пациентите заразени со овој вирус, но и кај пациентите со невролошки заболување велат дека оваа вакцина е безбедна и треба да се прими. „Синовак“ според неврологот доктор Бојан Бошковски штити од тешки последици од вирусот и смрт.

За него е многу важно имунизацијата, бидејќи и постоковид пациентите се чести во амбулантите во нивната клиника.

Во Македонија се очекуваат да пристигнат 500 илјади дози од вакцините на „Синовак“, се очекува и донацијата на АстраЗенека 50 илјади од Бугарија и 20 илјади од Грција, за порачаните вакцини од Русија Спутник В се уште нема најава кога ќе пристигнат во Макеонија.

Најмалку 85 жртви во поплавите во Бразил- претседдателот бара прогласување вонредна состојба

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва побара од Конгресот да прогласи вонредна состојба поради поплавите предизвикани од обилните дождови во кои загинаа најмалку 85 луѓе во најјужната држава Рио Гранде до Сул,покажуваат најновите податоци.

Оваа мерка би овозможила одобрување на дополнителни државни распределби без потреба да се почитуваат ограничувањата предвидени со фискалните правила кои стапија на сила минатата година.

„Сè уште немаме проценка за тоа што ќе биде неопходно. Само кога водата ќе се повлече ќе го видиме обемот на штетата“, рече министерот за планирање Симон Тебет, како што пренесува Ројтерс.

Гувернерот на Рио Гранде до Сул, Едуардо Леите изјави дека бројот на загинати може значително да се зголеми бидејќи спасувачите напредуваат.

Повеќе од 130 луѓе се уште се водат како исчезнати откако поплавите погодија повеќе од две третини од речиси 500 градови во земјата, а раселени се околу 150.000 луѓе, соопшти Управата за цивилна одбрана на земјата.

Поплавите уништија патишта и мостови во неколку градови, предизвикувајќи лизгање на земјиштето.

Временските услови се подобрија во понеделникот, но синоптичарите соопштија дека се очекува повторно да врне обилен дожд помеѓу 10 и 15 мај.

Муцински: Очекуваме одличен резултат и уште вечерва да се знае каква ќе биде Владата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, рече дека ДУИ вечерва станува опозиција, зашто беше дел на криминална Влада.

Муцунски рече дека очекува одличен резултат на парламентарните избори и дека цензусот за претседателските избори ќе биде надминат со сигурна победа на Гордана Силјановска- Давкова.

Ковачевски: Македонските граѓани се суверенот кој одлучува како понатаму

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска го оствари своето гласачко право на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори.

Во изјавата за медиуми, Ковачевски посочи дека денеска граѓаните одлучуваат во кој правец ќе се движи државата и дека очекекува да донесат одлука која за државата ќе значи напредок и просперитет.

„Денеска македонските граѓани се суверенот којшто одлчува за иднината на државата. Нивниот глас денеска ќе ја определи иднината на државата во наредната декада. Ние во текот на изминатите повеќе од 40 дена ја презентиравме пред сите граѓани нашата програма за европска иднина, при што ги презентиравме сите предности на Македонија земја членка на ЕУ до 2030 година. На крајот на денот граѓаните ја имаат финалната одлука за тоа во кој правец ќе се движи државата, дали ќе биде држава којашто до 2030 година ќе стане земја членка на ЕУ со претседателот Пендаровски и со Коалицијата за европска иднина и СДСМ или повторно ќе се враќаме назад во едно минато време коешто го гледавме цела една декада во државата. Но, во секој случај очекувам граѓаните слободно да го дадат својот глас како што доликува на земја членка на НАТО и земја којашто отвори преговори со ЕУ и очекувам да донесат одлука со којашто ќе обезбедиме сигурна и просперитетна иднина и животен стандард којшто доликува на македонските граѓани и македонската држава“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер