Бојмацалиев: Полициските одделенија Арачиново, Матејче и Шуто Оризари подготвени за изборите

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, денеска остварија работни средби со раководствата на Полициските одделенија Матејче, Арачиново и Шуто Оризари.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, денеска остварија работни средби со раководствата на Полициските одделенија Матејче, Арачиново и Шуто Оризари, во пресрет на парламентарните и вториот круг од претседателските избори 2024 година, а со цел гарантирање фер, слободни и демократски избори, како и согледување на постигнатите резултати во првото тримесечје од 2024 година, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Притоа, делегацијата од МБР била информирана за редовно функционирање на локалните штабови во рамки на Оперативниот Штаб на МВР.

Во соопштението се додава дека во однос на резултатите на овие организациски единици, безбедносната состојба е стабилна и поволна, а за одбележување се расветлените кривични дела кражба на електрична енергија.

-Во Полициското одделение Матејче имаме вкупно 20 кривични дела, од кои 17 се за кражба на електрична енергија, додека во Полициското одделение Арачиново регистрирани се 21 кривично дело кражба на електрична енергија. Во однос на Полициско Одделение Шуто Оризари, за одбележување се 13 пријавени настани за нарушување на јавен ред и мир, од кои сите се расчистени со поднесени прекршочни пријави. Воедно, имаме 35 кривични дела по службена должност, од кои 6 се расчистени од ЕВР Чаир, се вели во соопштението од МВР.

Бојмацалиев на средбите уште еднаш ја потврдил заложбата за организирање европски избори и на колегите им ја потенцирал важноста од работење исклучиво по закон, а со цел гарантирање на безбедноста на изборните процеси.

Сашо Мијалков во четврток излегува од затвор

Поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков во четврток излегува од затвор под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело, одлучи Апелациониот суд во Скопје.

Како што соопштија од судот, ова решение е по жалбата на мијалков на одлуката на Основен кривичен суд Скопје, а го донеле на нејавна седница одржана на 14 мај годинава. Мијалков издржува казна во затворот во Струга, откако по признанието на вина беше осуден на три години затвор во предметот „Империја“.

Денеска предизборен молк, утре се прегласува на седум избирачки места

Денеска е изборен молк, а утре ќе има прегласување на седум избирачки места во петата и шестата изборна единица за парламентарните избори кои се одржаа на 8 мај.

Во периодот од 7 до 19 часот ќе се прегласува на по две избирачки места во Крушево и во Долнени и на по едно избирачко место во Струга, Охрид и Желино. Одлуката за прегласување на сите седум избирачки места ја донесе државната изборна комисија откако Управниот суд ги одби како неосновани сите седум тужби против решенијата на Државната изборна комисија.

На сите овие избирачки места, комисијата ги разреши и претседателите, замениците и членовите на избирачките одбори. Еден ден пред изборниот молк пак, вчера Државната изборна комисија информираше дека е подготвена за прегласување на седумте избирачки места како од технички и организациски аспект, така и во однос на надзорот.

Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Грчкиот авиопревозник Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за планираната нова линија меѓу Скопје и Крф, која требаше да започне на почетокот на јуни со линијата Атина - Скопје - Крф - Скопје - Атина, објави порталот exyuaviation.com.

Летовите требаше да се одржуваат двапати неделно во вторник и сабота, а авиолинијата Скопје - Атина да се реализира во среда и недела наутро.

Според ревидираниот распоред, се чини дека Ејџијан Ерлајс целосно откажува два неделни лета, намалувајќи ја вкупната фреквенција меѓу Скопје и Атина од секојдневни летови на пет лета неделно, почнувајќи од 4 јуни.

Компанијата не исклучува и дополнителни промени во редот на летање, наведува exyuaviation.com.

Како што објави ТАВ Македонија на 2 април годинава, сезонска авиолинија меѓу Скопје и Крф требаше да почне од 1 јуни.

притисни ентер