Барселона е казнета за инцидентот на Ел Класико , можно е и затворање на Камп Ноу

Последното Ел Класико заврши во средата без голови, но со инциденти поради што  Барселона ќе мора да плати казни за пропусти во  организирањето.

Шпанскиот комитет за фудбалски натпреварувања објави дека ќе го казни каталонскиот клуб со 1.500 евра, но исто така се заканува дека ќе го затвори стадионот поради прекини предизвикани од домашните навивачи.

Во 55 минута од натпреварот, судијата Алехандро Хернандез мораше да го прекине натпреварот на минута и пол затоа што навивачите фрлаа топки врз играчите. Тоа беше политички гест затоа што на топките пишуваше „Седнете и разговарајте“, порака до шпанските политичари и одговорните за хаосот во Каталонија, поради кој се одложи натпреварот на 26 октомври.

Имаше и неколку судири пред стадионот поради улични протести.

Со членот 101.2 од Дисциплинскиот законик се бара казна за домашен клуб до 3.000 евра и затворање на стадион во случај топка или друг предмет да биде фрлен на терен за време на натпревар.

Тухел го критикуваше Ким за примените головите на дуелот со Реал

„Беше премногу алчен и агресивен“.

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел го посочи Ким Мин за неговиот настап на натпреварот против Реал Мадрид.

Баерн вчеравечер одигра нерешено со мадридскиот клуб во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите (2:2).

- Тој двапати беше премногу алчен. При првиот гол против Винисиус премногу рано тргна во дуел па Тони Крос го искористи тоа со додавање. Вториот гол – за жал, тоа беше уште една негова грешка. Ние бевме петмина тие двајца. Немаше потреба да се брани толку агресивно против Родриго и без потреба направи пенал. Токму кога Ерик Дајер сакаше да помогне, Ким го фаулира Родриго. За жал, со оглед на квалитетот на противникот, овие грешки се казнуваат. Но, мораме да продолжиме понатаму, рече Тухел.

Реваншот во Мадрид е закажан за 8 мај. /МИА

Блинкен го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош меѓу Израел и Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош од Израел до Појасот Газа.

За време на посетата на Блинкен, десетина камиони чекаа да влезат во Појасот Газа додека неколку израелски тенкови беа паркирани во близина.

Посетата на американскиот државен секретар доаѓа во момент кога Израел изрази намера да изврши копнен напад врз Рафа, град на неколку километри од Керем Шалом, кој сега е дом на околу 1,5 милиони Палестинци, од кои огромното мнозинство се раселени поради војната. /МИА

Јојуз: Тврдам дека на крај сите ќе одат на „баци рака' кај Мицкоски

„ВМРО-ДПМНЕ ќе ги потпише уставните измени“

ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, не е камелеон партија, најбројна е и најорганизирана, имаат програма, има економска програма за разлика од сите нив што немаат ниту една и тврдам дека на крај сите ќе одат на „баци рака' кај Мицкоски. Но, тука ќе се отвори Пандорината кутија дента кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Во таа Пандорина кутија тие преферираат да имаат коалиција со ВРЕДИ со тоа што цело време ја користат синтагмата „бугарски диктат“ и тука оправдување ќе им биде дека сега е т.н. европски диктат и тоа ќе им служи како изговор. Во политиката нема ништо случајно, рече Агим Јонуз во Само Вистина.

притисни ентер