АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД Електрани на Македонија информира дека за утре се создадени услови за испорака на топлинска енергија.

- Ги информираме потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата Енергетика, дека за 18.4.2023 година се создадени услови за испорака на топлинска енергија. Оваа информација е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 11˚С за 18.4.2023 година од Управата за Хидрометеролошки работи, се вели во соопштението од АД ЕСМ.

Снабдувањето со топлинска енергија, согласно регулативата, по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена, до 30-ти април, во зависност од временските услови.

Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите по 15 април секојдневно носи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ ако се исполнети условите за снабдување со топлинска енергија, односно доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на РМ.

За информации, рекламации или пријави на дефекти, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи.

За потрошувачите на ЕСМ Снабдување со топлина: Центар за грижа на потрошувачи (24/7): 02 3076 200 и 075 400 100

За потрошувачите на ЕСМ- Енергетика: Дефекти и протекување (24/7): 071 313 405 Центар за грижа на корисници (пон-петок,07.00–19.00): 02 3104 816 Рекламации за квалитет на греење (пон-петок, 07.00-19.00): 02 3104 872

Маж собори Гинисов рекорд во чудна дисциплини и испрати силна порака (ФОТО)

Магистер по шумарство Абубакар Тахиру (29) постави рекорд во необична дисциплина и влезе во Гинисовата книга.

За еден час прегрнал 1.123 дрвја во Националната шума Тускеги во Алабама и морал да исполни одредени услови за достигнувањето да се брои.

За да го постави рекордот, Абубакар морал да го прегрне секое дрво со двете раце, но да не предизвика никаква штета.

Не можел да прегрне ниту едно дрво повеќе од еднаш, па морал брзо да се движи, пренесува UPI.com.

Тој постел за Рамазан додека се обидувал да го постави рекордот, што му ја отежнало ситуацијата.

„Неможноста да се напие вода беше значаен предизвик. Но, и тоа на некој начин се покажа корисно, бидејќи немав потреба од паузи“, објаснил тој.

Освен што своето име го внесе во Гинисовата книга, Абубакар сакал да ја подигне свеста за важноста на дрвјата и заштитата на животната средина.

Тој се заинтересирал за екологијата додека растел во земјоделската заедница Тепа во Гана.

Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска беше помеѓу граѓаните на општина Арачиново.

Пред присутните, Пендаровски порача дека во досегашниот мандат покажал дека е претседател кој не ги дели граѓаните по ниту една основа и дека така ќе продолжи и во следниот мандат.

„Никогаш не сум бил и не се кандидирам за претседател само на Македонците. Ќе бидам претседател на сите, како што бев глас на секој без оглед на етничка и каква било припадност. Промовирањето и претставувањето на сите граѓани на Македонија ќе биде приоритет и во наредните пет години. “ порача Пендаровски.

Пендаровски посочи дека очекува голема поддршка на осми мај за државата да продолжи напред, како демократска, мултиетничка, прогресивна држава на рамноправни граѓани.

„Само бројот еден е гаранција дека Македонија ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ, се друго е продавање на политичка магла и обиди за враќање во времињата на тензии, поделби и неизвесност. Македонија нема друга опција освен продолжување на преговорите за членство во ЕУ додека да станеме дел од големото европско семејство. На 8 мај сите заедно да гласаме за европска Македонија, тоа се гарантира само со заокружување на бројот 1“ посочи Пендаровски, сопштуваат од неговиот тим.

Четворица загинаа во судар во полициска потера по ограбувач на банка кај Торонто (ВИДЕО)

Во судар кај Торонто во текот на полициска потера по осомничен ограбувач на банка кој бегал со автомобил во погрешна насока на автопатот 401, загинале четири лица, меѓу кои и едно дете, изјави денеска портпаролката на полицијата во Онтарио.

Судирот се случил во близина на излезот на автопатот 412 во Витби, на околу 50 километри источно од Торонто.

На видеото споделено на платформата „Икс“ се гледа како возило со голема брзина се движи во погрешна насока на автопат и потоа удира.

Полиција во Онтарио го затвори автопатот во двата правци во текот на ноќта, но од изутрината сообраќајот се одвива непречено.

притисни ентер