Претсавникот од Министерството, Виктор Лазаревски, пред присутните граѓани објасни дека проектот „Купи куќа за млади“ е наменет за младите до 35 години, при што Владата субвенционира 33.000 евра за купување, изградба или надградба или доградба на куќа. Овој проект има два модели,„субвенција на рата“ и субванција на учество“.

На презентацијата беше објаснето кој може да користи и кои услови треба да ги исполнат заинтересираните граѓани. Висината на месечните приходи не смее да надминат 900 односно 1300 евра за брачни другари, не смеат да поседуваат на свое име стан или куќа. Рокот на отплата е најмалку 20 години со можност за предвремена отплата по 12-та година за првиот модел и по 10-тата година за моделот субвенција на учество. Со целокуопната документација се аплицира во осум деловни банки.

За проектот „Купи куќа, купи стан“ беше појаснето дека нема определена старосна граница, а кандидатите имаат на располгање два модела. Со првиот се субевнционира половина од месечната рата, а со вториот половина од учството. Караванот денеска продолжува во Крива Паланка и Кратово.

Датум на објава: среда, 23 март 2016 во 20:24
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар