- Претседателот подвлече дека руските постапки претставуваат кршење на украинскиот суверенитет и територијален интегритет, и дека, во координација со нашите европски партнери, сме подготвени да ја натераме Русија да плати дополнителна цена за своите постапки. Претседателот Обама истакна дека има јасен пат да се разреши кризат ана дипломатски начин, при што ќе се земат предвид интересите и на Русија и на украинскиот народ. Претседателот забележа дека украинската Влада продолжува а презема конкретни чекори кои ќе дозволат де-ескалирање на кризата, додека се подготвува за избори напролет и спроведува уставни реформи, и побара од Русија да го поддржи итното распоредување на меѓународни набљудувачи кои ќе помогнат да се спречат насилни дејства о било која група, пишува во соопштението на Белата куќа, во кое зборот референдум е ставен во наводници.

Досегашните телефонски разговори меѓу Обама и Путин, по почетокот на украинската криза, не придонесоа за повлекување на руските сили од Крим.

Претседателот Обама, во разговорот, ги преупредил Путин дека треба да запрат обидите на руската војска за навлегување на украинска територија и големите воени вежби блиску до границата со Украина.

Обама воедно рекол дека државниот секретар на САД Џон Кери е подготвен да работи со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да најдат дипломатско решение на кризата./МИА


коментари

остави коментар