Може да летаат до 5 илјади метри, најдобро снимаат од 150 метри, бесшумни се и тешки помалку од 2 килограми- ова се параметрите на новите беспилотни летала кои Првата моторизирана бригада на АРМ ги доби во рамките на новата американска воена донација. Со нив ќе се снимаат непријателски позиции од воздух за полесно планирање на акции како и за полесно вклопување во комуникациските системи со системите на сојузниците на АРМ. И додека беспилотните авиончиња го прелетаа Атлантикот, се уште во спротивен правец не полетал офицерот кој треба да го завземе испразнетото место на военото аташе во амбасадата во Вашингтон. Празни се речиси сите позиции воен аташе кои АРМ ги има во неколку престолнини, нема аташе ниту во Лондон ниту во Париз, а воениот претставник на АРМ во НАТО по истечениот мандат чека да се врати во Скопје, но неговата замена уште не го добила потребниот параф. Министерот Џафери вели дека предлозите ги пратил пред неколку месеци во кабинетот на Претседателот и чека одговор оттаму.

Америка е еден од најголемите донатори на воена опрема за АРМ, досега донирале над 100 милиони долари, а оваа година 6 милиони долари меѓу кои и спомнатиот комплет на беспилотни летала кој вреди околу 1 милион од американската валута. Според министерот и амбасадорот на САД донациите го покажуваат сојузништвото на двете држави.

Опремата ќе се користи за комуникациско поврзување на АРМ со сојузничките армии за извршување на заеднички мисии. Покрај тоа АРМ доби и автоматско оружје, тоа пак му беше најинтересно на министерот кој не пропушти шанса да фати американски автомат в рака.

Датум на објава: петок, 13 декември 2013 во 16:50
Миомир Серафиновиќ

коментари

остави коментар
  1. Ministerot si e prijatel so Amerikancite. On i porano fati amerikansko oruzje protiv narodot vo Makedonija, ne mu e sefte! A nie super si se raduvame na pokloncinjata od Amerika, kako deca na Dedo Mraz, samo sto ovoj Dedo Mraz e mnogu podrug, namesto pokloni bombi deli i kolonizira..