Трамп му сугерирал на Путин дека е сега време да се воспостави траен мир меѓу Изралеците и Палестинците.

Овој телефонски разговор е потврден и од Белата куќа и од Кремљ.

Притоа е потврдено дека двајцата претседатели разговарале и за други прашања од општата безбедност во светот.
Трамп  и натаму инсистирал да продолжат мерките на Обединетите нации и повеќе земји во светот за трговска и друга блокада на Северна Кореја се до нејзиното денуклеаризирање.

Путин пак го потсетил Трамп  на неговите предизборни ветувања и очекува  дека тој  ќе придонесе за да  ги подобри односите меѓу Вашингтон и Москва.
Во телефонскиот  разговор Трамп  му понудил на Путин и конкретна помош во истрагата по паѓањето на авионот ан 148 близу Москва.

Во оваа авионска несреќа  загинаа 71 патници и членови на екипажот.


 

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 09:30
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар