Претседателот на Србија Александар Вучиќ на покана на неговата хрватска колешка Колинда Грабар Китаровиќ. престојува во дводневна официјална посета на Загреб, 
 
Двајцата претседатели на средбите ќе разговараат за судбината на исчезнатите лица и културното богатство во Југословенската војна, соработката при апсење на осомничени воени злосторници, малцинствата, и нерешеното гранично прашање.

За обезбедување на српскиот претседтаел за време на посетата на Загреб ќе бидат абгажирани неколку стотици луѓе од сите единици на безбедносниот систем на Хрватска, а според „Јутарњи лист", обезбеден е и специјални тим на Брзата помош со „доволни количества крв од крвната група на Александар Вучиќ“. 

Датум на објава: понеделник, 12 февруари 2018 во 12:43
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар