- Ние преговараме за назив којшто ќе направи јасна дистинкција помеѓу историската грчка Македонија и државата чиј главен град е Скопје и нема да служи како средство за територијални амбиции против нашата држава, средство за иредентизам, изјави Катругалос.

Говорејќи за тековната дебата на оваа тема, Катругалос рече дека постои оптимизам „првпат по долго време“, но и оти „нема загарантирано решение“.

- Следниот чекор за решавање на проблемот е состанокот помеѓу преговарачите со медијаторот на ОН Метју Нимиц следната среда, рече Катругалос. 

Датум на објава: недела, 14 јануари 2018 во 11:37
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар