Од ДИК соопштија  дека, од вкупно 89 приговори поднесени од БЕСА, одбиени се 88, а еден приговор е повлечен од партијата.

На барање на БЕСА 84 приговори биле разгледани како еден бидејќи имаат исти наводи и се однесуваат на општина Чаир.

Членовите на ДИК, исто така, ги отфрлија  13-те  приговори поднесени од алијансата за Албанците за гласањето во Струга, како и приговорот поднесен од НДМ.

Приговорите на БЕСА и на Алијансата за Албанците ДИК ги отфрли како неосновани, додека приговорот на НДМ е отфрлен како неуреден.

Датум на објава: петок, 03 ноември 2017 во 08:56
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 08:56

коментари

остави коментар