Дури се наведува дека станува збор за “звучен напад“ на американските дипломати кои почнал уште минатата година и поради кои најмалку 21 лице од амбасадата во Хавана се пожалиле на здравствени проблеми.

Синдикатот на вработени во американската дипломатска служба истовремено објави дека некои од жртвите претрпеле полесни повреди на мозокот, како и трајно оштетување на слухот, а страдаат и од губиток на рамнотежа и тешки главоболки.

Но што всушност дипломатите и официјалните претставници на американската амбасада во Хавана слушале со месеци? Одговорот го даде агенцијата „Асошиејтед прес“, која објави кратка снимка од мистериозен звук, една од варијациите на видеозаписот кој го слушале вработените во амбасадата.

Се наведува дека тој запис е дигитално засилен за да биде погласен и за да се намали вревата во позадина, но освен тоа не е менуван, наведува „АП“.

Станува збор за само еден од низата звуци снимени во амбасадата, а кои истражувачите ги навеле да иницијално се посомневаат во некој вид на сонично оружје.

Според авторите на текстот агенцијата „АП“, снимениот звук е сличен на огласувањето на група штурци, во многу висок тоналитет. Некои меѓутоа изјавуваат дека тој звук е сличен на “пиштење“, но такво кое би можело да “излуди“ некого после подолго слушање.

Снимките се испратени од Хавана на аналитичари во американската морнарица, која поседува напредни можности за анализа на акустични сигнали, но и американските разузнавачки служби.

Датум на објава: петок, 13 октомври 2017 во 13:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар