Во големиот пожар што зафати три обласит во северниот дел на Калифорнија целосно изгореа 1500 куќи и други објекти . 

Пожарот избувна во неделата и досега зафати над 460 километри квадратни , населени места и лозја.

Десетици илјади домови во областите Напа и Сонора се без струја и плин. Целосно изгореа населби на северот од Сан Франциско , а по прогласувањето на вонредната состојба , десетици илјади жители се евакуирани .

Во седум области е прогласена вонредна состојба , каде се испразнети болниците , а училиштата не работат.   

Датум на објава: среда, 11 октомври 2017 во 09:46
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар