. Извори за Канал 5 велат дека 30 годишната К.П. вчера околу 18 часот отишла  во штабот, бидејќи како член на листата за советници на партијата требало да дежура, и пред објектот се сретнала со лицето Ф.П.М. со кого заедно влегле во објектот.

Таму се задржале 40-тина минути и при излегувањето, сега веќе пријавениот,  го изгаснал светлото и со раце ја фатил за половината и почнал да ја турка, додека таа повикувала помош. Според информациите, тој ја соборил на земја, почнал да ја допира по телото  и да и ја соблекува облеката, но бидејќи таа давала отпор тој не успеал во својата намера.

Откако се оттргнала од него, напаѓачот почнал да се извинува и барал да му прости, по што ја отклучил вратата и си заминале.

Од полицијата го потврдија настанот. Велат  случајот бил пријавен дека се преземаат мерки за расветлување на случајот.


Датум на објава: недела, 08 октомври 2017 во 14:54
Михаела Димовска
Обновено во: 15:26

коментари

остави коментар