Во него , насловната улога ќе ја игра Џеред Лето , кој од режисерот Брет Ратнер лично побарал да го оживее ликот на Хефнер , кој почина на 27 септември на 91 годишна возраст.

,,Кога слушна дека јас ги имам авторските права на приказната за Хеф , ми рече – Сакам да го глумам , сакам да го разберам . Јас навистина верувам дека тој може да ја одигра улогата зашто е еден од најголемите актери на денешницата “ – изјави режисерот Ратнер .

Проектот е на почеток и с еподготвува во продуцентската куќа на Ратнер RatPac Entertainment. Режисерот е одбран уште во 2007 – мата , кога продуценти требало да бидат Universal Pictures ,  а насловната улога да ја игра Роберт Давнеј Џуниор. Кога истекле авторскит еправа на филмот , ги откупил продуцентот Џери Вејнтруб од Warner Bros. Но , по смртта на Вејнтруб во 2015- та , Ратнер ги откупи правата за својата компанија .

,,Целта ми е да го снимам филмот како настан “ , изјави Ратнер пред две години. Во април годинава Ратнер го повикал актерот Џеред Лело во резиденцијата на Плејбој на премиерата на документарниот филм за животот на Хју Хефнер , со што воедно беше одбележан и роденденот на Хефнер.

Ратнер тогаш се надевал дека ќе го запознае Лело со човекот , кој би можел да го глуми , но дента Хефнер имал здравствбени проблеми и не примал гости .

Ратнер има намера да направи и нова верзија на телевизиското шоу од 60 – тите „Playboy after dark“.

Датум на објава: среда, 04 октомври 2017 во 20:12
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 21:13

коментари

остави коментар