За одличната забава се погрижија Влатко Илиевски, како и етно составите Фолтин и Синтезис.

Супер Скопје продолжува и вечерва со почеток во 21 часот, каде посетителите, на сцената поставена на Боемска улица 2  ќе се забавуваат со Нино Величковски и Тамбураши, Љубојна и Џамбо Агушев Оркестар.

Проектот „Супер Скопје“ се реализира  на предлог и иницијатива на сопственици и менаџерите на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје. Програмата и изборот на изведувачите  е правена по директен предлог на угостителите.Согласно одлука на Советот на Град Скопје, вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжен за еден час .

Датум на објава: сабота, 09 септември 2017 во 11:24
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар