Тој мирно седеше во пластичен балон додека лицето целосно му беше прекриено со пчели и го освои Гинисовиот рекорд со 61 минута.

,,Сакав да им покажам на луѓето дека не треба да се плашат од пчели “ – изјави Ортиз по излегувањето од балонот .

Тој работи на фарма за мед во близина на Канадскиот град Кукстаун .

Бројната публика зачудено дофрлуваше , додека Ортиз без да се помрдне издржа повеќе од еден час покриен со пчели . Најголема возбуда на настанот што се случи завчера , имаше кога поминаа 53 и пол минути , колку што изнесуваше претходниот Гинисов рекорд во оваа категорија , кој исто беше поставен од Канаѓанецот .

Датум на објава: петок, 01 септември 2017 во 19:44
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 09:43

коментари

остави коментар