Месечната кирија за едно место во затворен паркинг во срцето на метрополата чини над 300 евра, што е приближно месечна кирија за една гарсоњера.

Според истражувањата во Атина има околу 2,8 милиони автомобили и е една од најскапите градови.

Грчкиот главен град е 32-ти место во светот и 18-ти од 50 европски градови. Месечната кирија за паркинг простор изнесува 292,33 долари или околу 212 евра.

Оваа сума е просечната вредност за изнајмување паркинг за автомобили. Индикативни се случаите на паркинг-компаниите во центарот на Атина, каде месечната кирија достигнува цена од 300-330 евра.

Во однос на дневните трошоци за паркирање во центарот на Атина, според анкетата на недвижниот имот, во просек цената изнесува околу 19 евра.

Исто така скапо е да се паркирате на отворени паркинзи, а цената може да ја надмине бројката од 12 евра за првиот час. Регистирани се случаи за најмување место од 450 евра. Ова се паркиралишта во населби како што се Колонаки или Кифисија. Од проучувањето на месечните изнајмувања на паркинзите, се чини дека во повеќето населби изнајмувањето на паркинг место е помеѓу 80 и 150 евра месечно.

Исто така е скапо да се купи паркинг простор. Големата побарувачка и ограничениот простор за купување паркинг места во Грција ја зголемија продажната цена.

Поединци кои имаат места за паркирање во станбени згради или во подземни места за паркирање рекламираат цени од околу 40-50 илјади евра.

Датум на објава: петок, 11 август 2017 во 09:54
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар