Во Иран во градот Ахва се измерени рекордни за државата 53,7 степени Целзиусови на 29 јуни 2017 година.

Температура над 40 степен беше забележана во повеќе делови од јужна и централна Европа, што е многу повисока температура од просекот измерен во периодот од 1981 до 2010 година.

Над просечна  температура е измерена и во Мароко и северен Алжир. Потопло е дури и на Антрктикот . Топлотен бран минатиот месец ги зафати и САД.
Исклучително високи температури се измерени во Лас Вегас во невада 47, 2 степени Ц. во Нидлес во Калифорнија температурата ја помина бројката од 50 степени  и изнесуваше точно 51,7 степени Ц.

Аеродромот во феникс, Аризона од 17 до 27 јуни имал 11 последователни жешки денови со температура над 43 степен, што правело проблем и на воздушниот сообраќај.

Многу топло беше и на подрачјето на Балканот. Во Риека шест повозрасни луѓе умреле од последиците од високите температури.
Предупредување за температури над 40 степен за во вторник и среда е издадено од РХМЗ во Србија. 

Датум на објава: понеделник, 10 јули 2017 во 19:59
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 11:27

коментари

остави коментар